Демо режим

Функцијата [Demo Mode] ги прикажува филмовите снимени на мемориската картичка автоматски, кога апаратот не работи подолго време. Нормално изберете [Off] .

  1. MENU(Setup) → [Demo Mode] → дотерување по желба.

Детали за ставка од менито

Вклучено:
Демонстрацијата за репродукција на филм започнува автоматски ако производот не се ракува околу една минута. Само заштитените AVCHD филмови можат да се репродуцираат.
Дотерајте го режимот на гледање во [AVCHD View] и заштитете го фајлот со филм со најстариот снимен датум и време.
Исклучено:
Не ја покажува демонстрацијата.

Забелешка

  • Оваа функција можете да ја активирате само кога производот е поврзан користејќи соодветен AC адаптер.
  • Кога нема заштитени AVCHD филмови на мемориската картичка, не можете да изберете [On] .
  • [Demo Mode] секогаш прикажува филмови на мемориската картичка во слотот за мемориска картичка 1.