Траење на батеријата и број на снимени слики

Траење на батеријата Број на слики
Снимање (фотографии) Режим на екран - Прибл. 670
Режим на визир - Прибл. 530
Реално снимање (филм) Режим на екран Прибл. 105 мин. -
Режим на визир Прибл. 90 мин. -
Континуирано снимање (филм) Режим на екран Прибл. 170 мин. -
Режим на визир Прибл. 160 мин. -
  • Горенаведените проценки за траење на батеријата и бројот на снимени слики се применуваат кога батеријата е целосно наполнета. Траењето на батеријата и бројот на слики може да се намалат во зависност од условите на употреба.
  • Времетраењето на батеријата и бројот на снимени слики се проценки засновани на фотографирање со стандардните дотерувања под следниве услови:
    • Користење на батерија на температура од 25 ° C (77 ° F).
    • Користење на Sony SDXC мемориска картичка (U3) (одделно се продава)
    • Користење на FE 28-70mm F3.5-5.6 OSS објектив (одделно се продава)
  • Броевите за „Снимање (фотографии)“ се засноваат на CIPA стандардот и фотографирање под следниве услови:
    (CIPA: Camera & Imaging Products Association)
    • Една слика се прави на секои 30 секунди.
    • Напојувањето се вклучува и исклучува еднаш на секои десети пат.
  • Бројот на минути за снимање филмови се заснова на CIPA стандардот и снимањето под следниве услови:
    • Квалитетот на сликата е дотеран во XAVC S HD 60p 50M / 50p 50M.
    • Реално снимање (филми): Траење на батеријата засновано врз повторено снимање, зумирање, снимање на стенд-бај, вклучување/исклучување и т.н.
    • Континуирано снимање (филм): Не се извршуваат никакви операции освен стартување и завршување на снимањето.