Траење на батеријата и број на преостанати слики за фотографирање

Број на преостанати слики при снимање фотографии

Режим на екран Прибл. 570 слики
Режим на визир Прибл. 550 слики


Траење на батеријата за реално снимање филмови

Режим на екран Прибл. 100 мин.
Режим на визир Прибл. 95 мин.


Траење на батеријата за континуирано снимање филмови

Режим на екран Прибл. 185 мин.
Режим на визир Прибл. 190 мин.
  • Горенаведените проценки за траењето на батеријата и бројот на преостанати слики за фотографирање важат кога комплетот батерии е целосно наполнет. Траењето на батеријата и бројот на слики може да се намалат во зависност од условите на користење.
  • Траењето на батеријата и бројот на преостанати слики за фотографирање се проценети врз основа на снимање со зададените поставки во следните услови:
    • Користење на комплетот батерии на амбиентална температура од 25 °C (77 °F).
    • Со мемориска картичка SDXC од Sony (U3) (се продава посебно)
    • Користење на објектив E PZ 16-50 мм F3,5-5,6 OSS
  • Броевите на преостанати слики за фотографирање се засноваат на стандардот CIPA и на снимање во следните услови:
    (CIPA: Camera & Imaging Products Association)
    • На секои 30 секунди се снима една слика.
    • Напојувањето се вклучува и исклучува еднаш на секои десет пати.
    • Зумот наизменично се менува помеѓу крајните позиции W и T.
  • Бројот на минути за снимање филм се заснова на стандардот CIPA и на снимање во следните услови:
    • Квалитетот на слика е поставен на XAVC S HD 60p 50M /50p 50M 4:2:0 8 бита.
    • Реално снимање (филмови): траењето на батеријата се заснова на повеќекратно снимање, зумирање, режим на подготвеност при снимање, вклучување/исклучување итн.
    • Континуирано снимање (филмови): не се вршат други операции освен започнување и завршување на снимањето.
TP1001248225