Копче Fn (Функција)

Ако при снимањето го притиснете копчето Fn (Функција), на екранот ќе се отвори мени (мени со функции) што ги содржи често користените функции, како што се Drive Mode (Режим на придвижување) и Focus Mode (Режим на фокусирање), коишто ви овозможуваат брзо да ги отворите функциите.

Пример на мени за функции

Прикажаните ставки се разликуваат во зависност од статусот на фотоапаратот.

Слика од екранот со мени со функции

Совет

  • Употребете ја функцијата MENU (Setup (Поставување)) → [Operation Customize] (Прилагоди операција) → [Fn Menu Settings] (Поставки на мени со функции) за да ги регистрирате омилените функции на менито со функции. Може посебно да регистрирате 12 функции за сликање фотографии и 12 функции за снимање филмови.
  • Кога функцијата [Touch Operation] (Ракување со допир) е поставена на [On] (Вклучено) и [Shooting Screen] (Екран за снимање) во [Touch Panel Settings] (Поставки на панел на допир) е поставена на [On] (Вклучено), ракувањето со допир на екранот на менито со функции е овозможено.
  • Кога функцијата [Touch Operation] (Ракување со допир) е поставена на [On] (Вклучено) и [Playback Screen] (Екран за репродукција) [Touch Panel Settings] (Поставки на панел на допир) е поставена на [On] (Вклучено), можете да ја отворите и функцијата [Fn Menu Settings] (Поставки на мени со функции) со задржување на иконата во менито со функции.
  • Кога функцијата [Swipe Up] (Повлечи нагоре) во [Shooting Screen] (Екран за снимање) е поставена на [Open the Fn Menu] (Отвори мени со функции, менито со функции може да се прикаже со помош на ракување со допир, односно брзо повлекување нагоре по екранот за снимање.
  • За да го затворите менито со функции повлечете надолу на површината надвор од менито за функции или допрете надвор од менито со функции.
  1. Притиснувајте го копчето DISP на контролното тркалце последователно за да прикажете режим на екран поинаков од [For viewfinder (За визир)].
  2. Притиснете на копчето Fn (Функција).

  3. Изберете функција што сакате да ја поставите со притиснување на горната/долната/левата/десната страна на контролното тркалце.

  4. Изберете ја саканата поставка со вртење на предното вртливо копче и притиснете во средината на контролното тркалце.
    • Некои функции може да се прилагодат попрецизно со помош на задното вртливо копче.

Со помош на копчето Fn на дисплејот [For viewfinder]

Ако го притиснете копчето Fn додека приказот на екранот е поставен на [For viewfinder], можете директно да ги промените саканите ставки.


Во автоматскиот режим

Слика од екранот во режимот Автоматски


Во режимот P/A/S/M

Слика од екранот во режимот P/A/S/M

  • Прикажаните содржини и нивните положби на сликите имаат информативна намена и може да се разликуваат од реалниот приказ.


За да ги прилагодите поставките преку наменските екрани за поставување

Изберете ја иконата за саканата функција и потоа притиснете во средината на контролното тркалце. Ќе се прикаже наменскиот екран за поставување на таа функција. Следете го водичот за ракување (A) за да ги прилагодите поставките.

Слика што го прикажува местото на водичот за ракување

Забелешка

  • Ставките во сива боја на екранот[For viewfinder] не може да се променат со притиснување на копчето Fn.
  • Некои поставки, како [Creative Look] (Креативен изглед) и [Picture Profile] (Профил на слика) не може да се користат на екранот [For viewfinder] (За визир) освен ако не влезете во наменскиот екран за поставување.
TP1001224844