Version (Верзија)

Ја прикажува верзијата на софтверот на овој производ. Проверете ја верзијата кога се објавуваат ажурирања за софтверот на овој производ итн.

Исто така, ја прикажува верзијата на објективот ако е прикачен објектив компатибилен со ажурирањето на фирмверот.

Верзијата на адаптерот за монтирање објективи се прикажува во делот на објективот ако е прикачен адаптер за монтирање објективи компатибилен со ажурирањето на фирмверот.

  1. MENU (Setup (Поставување)) → [Setup Option] (Опција за поставување) → [Version] (Верзија).
    • Кога фотоапаратот е поврзан на интернет, се добиваат информации за софтверот. Ако е достапен нов софтвер, ќе се прикажат информации за него (кога верзијата на системскиот софтвер (фирмвер) на фотоапаратот е вер.2.00 или понова).

Детали за ставките на менито

Body (Системски софтвер):
Ја прикажува верзијата на фирмверот на телото на фотоапаратот.
Објектив:
Ја прикажува верзијата на фирмверот на објективот ако е прикачен објектив компатибилен со ажурирањето на фирмверот.

Совет

  • Можете и да ги зачувате преземените податоци за фирмверот на мемориска картичка и да ја користите мемориската картичка за да го ажурирате фирмверот на фотоапаратот.

Забелешка

  • Ажурирањето може да се изврши само кога преостанатото ниво на батеријата е 51% или повеќе. Користете доволно наполнет комплет батерии.
TP1001268219