Aperture Priority (Приоритет на решетка)

Може да ја прилагодите решетката и да го смените опсегот на фокусот или да ја дефокусирате заднината.

  1. Поставете го вртливото копче за фотографии/филм/S&Q на посакуваниот режим за фотографирање.
    • Ако изберете S&Q (забавени/забрзани движења), можете да изберете [S&Q Motion] (Забавени и забрзани движења) или [Time-lapse] (Видео со забрзани движења) на екранот [ Shoot Mode] (Режим за снимање).
  2. Поставете го вртливото копче за режими на A (Aperture Priority (Приоритет на решетка)).
  3. Изберете ја саканата вредност со вртење на предното/задното вртливо копче.
    • Помала F-вредност: Објектот е во фокус, но предметите пред или зад објектот се заматени.
      Поголема F-вредност: Објектот, предниот план и заднината се во фокус.
    • Ако вредноста на решетката што сте ха поставиле не е соодветна за експозицијата, засветува иконата за брзина на блендата на екранот за снимање. Во тој случај, променете ја вредноста на решетката.
  4. Прилагодете го фокусот и снимете го објектот.
    Брзината на блендата е автоматски прилагодена за да се добие соодветна експозиција.

Забелешка

  • Осветленоста на сликата на екранот може да се разликува од вистинската слика што ја сликате.
TP1001248242