Снимање филмови (Intelligent Auto) (Интелигентен автоматски режим)

Во овој дел се опишува како се снимаат филмови во режимот [Intelligent Auto] (Интелигентен автоматски режим). Во режимот [Intelligent Auto] (Интелигентен автоматски режим), фотоапаратот автоматски се фокусира и автоматски ја одредува експозицијата во зависност од условите за снимање.

  1. Поставете го вртливото копче за фотографии/видео/S&Q на  (Видео) за да го изберете режимот за снимање видео.

  2. Поставете го бројчаникот за режим на (Auto Mode) (автоматски режим).

    Режимот на снимање ќе се постави на (Intelligent Auto (Интелигентен автоматски режим)).

  3. Притиснете на копчето MOVIE (Филм) за да започнете со снимање.

  4. Притиснете го повторно копчето MOVIE за да го запрете снимањето.

За да снимате со иконите за функции на допир

Можете да започнете со снимање и со допирање на икона на екранот наместо со притискање на копчето MOVIE (филм). Повлечете по мониторот налево или надесно за да се прикажат иконите за функции на допир, а потоа допрете ја иконата (започни снимање). Снимената слика можете да ја прегледате со допирање на иконата (префрли на екранот за репродукција).

За повеќе детали за тоа како да се прикажат иконите за функции на допир, видете „Touch function icons (Икони за функции на допир)“.


За да ги приспособите светлината на сликата, тонот на бои итн. ( Мој стил на слика)

Повлечете налево или надесно на екранот за да се прикажат иконите за функции на допир на екранот за снимање и допрете (прилагодување на слика). Можете да поставите (Background Defocus (Дефокусирање на заднината)), (Brightness (Светлина)), (Color (Боја)) и [Creative Look] (Креативен изглед) по ваша желба. Допрете ја секоја икона на долниот дел од екранот за да ја поставите секоја ставка.

Детални информации побарајте во „Прилагодување слики во автоматскиот режим (Мој стил на слика)“.


За избирање на формат на снимање ( File Format (Формат на датотека))

Резолуцијата и степенот на компатибилност варираат во зависност од форматот на снимање (XAVC HS 4K/XAVC S 4K/XAVC S HD/XAVC S-I 4K/XAVC S-I HD). Изберете го форматот во согласност со целта на филмот што треба да се снима.

За избирање стапка на кадри или квалитет на сликата ( Movie Settings (Поставки за филм))

Стапката на кадри ја одредува рамномерноста на движењето во филмовите. ([Movie Settings] (Поставки за филм) → [Rec Frame Rate] (Стапка на кадри за снимање))

Квалитетот на сликата се менува во зависност од брзината на бит-стапката. ([Movie Settings] (Поставки за филм) → [Record Setting] (Поставки за снимање))

Ако бит-стапката е висока, количината на информации ќе се зголеми и ќе можете да снимате филмови со висок квалитет. Меѓутоа, ова ќе резултира во поголем обем на податоци.

Изберете стапка на кадри и бит-стапка по ваша желба и според вашата цел.

За да ја приспособите експозицијата ( Shoot Mode (Режим за снимање))

Можете да го изберете режимот на експозиција во [Shoot Mode] (Режим за снимање). Изберете го режимот на експозиција преку комбинација од брзина на блендата и вредност на решетката.

Исто така, ако ја овозможите функцијата [Touch AE] АЕ на допир) во [Touch Func. in Shooting] (Ракување со допир при снимање), можете да ја прилагодите експозицијата на површината што сте ја допреле.

За избирање метод на фокусирање ( Focus Mode (Режим на фокусирање)/ Focus Area (Фокусна површина))

Изберете ги опциите (Continuous AF (Континуиран AF)) или (Manual Focus (Рачен фокус)) за функцијата [Focus Mode] (Режим на фокусирање). Можете да ја одредите фокусна површина со поставување на функцијата [Focus Area] (Фокусна површина).


Дури и при снимање со рачен фокус, можете привремено да се префрлите на автоматски фокус на следниве начини.

  • Притиснете на прилагоденото копчето на коешто му е доделена функцијата [AF On] (Вклучен AF), или притиснете на копчето за блендата до половина.
  • Притиснете приспособливото копче на коешто му е доделена функцијата [Subject Recognition AF] (Препознавање објект со AF).
  • Допрете го објектот на мониторот. (кога функцијата [Touch Func. in Shooting] (Ракување со допир при снимање) во [Shooting Screen] (Екран за снимање) е поставена на [Touch Focus] (Фокус со допир) или [Touch Tracking] (Следење со допир))

За снимање филмско аудио на 4 канали

Прикачете оригинална галантерија од Sony што поддржува снимање аудио со 4 канали и 24 бита на приклучокот за повеќе интерфејси на фотоапаратот.

Совет

  • Исто така, на саканото копче можете да му ја доделите функцијата започни/запри со снимањето филм.
  • Можете брзо да фокусирате додека снимате филмови со притискање на копчето за бленда до половина. (Во некои случаи може да се сними и звукот од работењето на автоматскиот фокус.)
  • Можете да ги промените поставките за чувствителност ISO, компензација на експозиција и фокусна површина додека снимате филм.
  • За време на снимањето филм може да се снимат и звуците од работењето на фотоапаратот и објективот. За да се спречи снимањето на звуците, поставете ја функцијата [Audio Recording] (Снимање звук) на [Off] (Исклучено).
  • За да спречи снимање на звукот од работата на прстенот за зумирање кога се користи објектив со моторизиран зум, препорачуваме да снимате филм со помош на рачката за зумирање на објективот. Кога ја поместувате рачката за зумирање на објективот, внимавајте да не ја свртите рачката.
  • Кога функцијата [Auto Power OFF Temp.] (Температура за автоматско исклучување) е поставена на [High] (Високо), фотоапаратот може да продолжи со снимање на филм и кога температурата на фотоапаратот ќе се зголеми.

Забелешка

  • По снимањето се прикажува икона што покажува дека податоците се запишуваат. Не отстранувајте ја мемориската картичка додека се прикажува иконата.
  • Не можете да започнете со снимање филм додека податоците се запишуваат. Пред снимање филм, почекајте додека заврши запишувањето на податоците и се прикаже „STBY“ .
  • Ако се појави иконата (Предупредување за прегревање), се зголемила температурата на фотоапаратот. Исклучете го напојувањето, изладете го фотоапаратот и почекајте додека не биде подготвен за повторно снимање.
  • Температурата на фотоапаратот расте кога непрекинато снимате филмови и може да почувствувате дека фотоапаратот е загреан. Тоа не е дефект. Исто така, може да се појави [Internal temp. high. Allow it to cool.] (Висока внатрешна температура. Оставете да се олади). Во тој случај, исклучете го напојувањето, оставете да се олади фотоапаратот и почекајте додека не биде подготвен за повторно снимање.
  • За време за континуирано снимање филм, погледнете во „Времиња за снимање филмови“. Кога снимањето филм ќе заврши, можете да снимате друг филм со повторно притискање на копчето MOVIE. Снимањето може да престане за да го заштити производот, во зависност од температурата на производот или батеријата.
  • За време на снимање филм не може да се прават фотографии.
TP1001224759