Почетно поставување на фотоапаратот

Со воспоставување на Bluetooth-врска (впарување) помеѓу фотоапаратот и паметниот телефон и со користење на апликацијата за паметни телефони Creators' App, можете да извршите почетно поставување на фотоапаратот, како поставување датум и време, преку паметниот телефон. Инсталирајте ја апликацијата Creators' App преку продавницата за мобилни апликации на вашиот паметен телефон. Ако апликацијата веќе ви е инсталирана, ажурирајте ја на најновата верзија.

Исто така, можете да ја инсталирате апликацијата Creators' App со скенирање на QR-кодот прикажан на екранот на фотоапаратот, користејќи го вашиот смартфон.

За подетални информации за апликацијата Creators' App, погледнете го следниот веб-сајт.
https://www.sony.net/ca/

  1. Поместете го преклопникот ON/OFF (Напојување) во положбата „ON“ за да го вклучите фотоапаратот.
  2. Изберете го саканиот јазик и потоа притиснете во средината на контролното тркалце.
    • Ќе се прикаже екранот на известувањето за приватност. Прочитајте го известувањето за приватност во врска со биометријата така што ќе го отворите линкот со вашиот паметен телефон итн.
  3. Притиснете во средината на контролното тркалце.
  4. Следете ги инструкциите на екранот од фотоапаратот за да го поврзете фотоапаратот со вашиот паметен телефон.
    • Стартувајте ја апликацијата Creators' App на вашиот паметен телефон за да го поврзете фотоапаратот со паметниот телефон.
    • Ако не поврзете паметен телефон, ќе се прикаже екранот за поставување област/датум/време.
    • За да го поврзете вашиот паметен телефон по првичното поставување, изберете MENU (Мени) → (Network (Мрежа)) → [Cnct./PC Remote] (Поврзување/Далечинска контрола преку компјутер) → [Smartphone Connection] (Поврзување паметен телефон).
  5. Направете почетно поставување на фотоапаратот на екранот на апликацијата Creators' App.
    • Следете ги инструкциите на екранот за да ги поставите следните ставки.
      • Датум и време / Формат на прикажување
      • Auto Power OFF Temp. (Температура за автоматско исклучување)
      • Име на уредот

      Овие поставки може да ги промените подоцна во менито на фотоапаратот.

За одржувањето на датумот и времето

Фотоапаратот има внатрешна резервна батерија на полнење што ги одржува датумот и времето и другите поставки, без разлика дали напојувањето е вклучено или исклучено и дали комплетот батерии е наполнет или испразнет.

За да ја наполните внатрешната резервна батерија, во фотоапаратот вметнете наполнет комплет батерии и оставете го производот 24 или повеќе часа со исклучено напојување.

Ако часовникот се ресетира секогаш кога се полни комплетот батерии, внатрешната резервна батерија на полнење може да е истрошена. Консултирајте се со вашиот сервисер на Sony.

Совет

  • Ако го поврзете фотоапаратот со паметен телефон преку функцијата за Bluetooth, тогаш со фотоапаратот ќе можете да ракувате преку паметниот телефон и да префрлувате слики од фотоапаратот во паметниот телефон.

Забелешка

  • Ако поставувањето на датумот и времето се откаже на половина пат, екранот за поставување на датумот и времето ќе се појавува секогаш кога ќе го вклучите фотоапаратот.
  • Вградениот часовник на фотоапаратот може да покажува грешки со времето. Прилагодувајте го времето во редовни интервали.
  • При воспоставување Bluetooth врска, спарувајте само со проверени уреди. Избегнувајте непобарани барања за спарување или поврзување со непознати уреди.
  • Исклучете ја функцијата Bluetooth кога не ја користите.
  • Редовно проверувајте ги спарените уреди и избришете ги оние што не ви се потребни.
TP1001269018