Fn Menu Settings (Поставки на менито со функции)

фотографија, филм, забавенo и забрзано движењe

Менито со функции е мени со 12 функции што се прикажува на дното на екранот кога ќе го притиснете копчето Fn (Функција) во режимот на снимање.

Можете да регистрирате по 12 функции во менијата со функции и тоа за снимање фотографија, односно за снимање филм.


Следната постапка ќе ви овозможи да ја промените функцијата [Creative Look] (Креативен изглед) од менито со функции за фотографи во [Grid Line Display] (Приказ на линии во вид на решетка).

  • За промена на менито со функции за филм, изберете ставка од менито со функции за филм во Чекор 2.

  1. MENU (Поставување) → [Operation Customize] (Прилагоди операција) → Изберете ја функцијата [Fn Menu Settings] (Поставки на мени со функции).
  2. Изберете ( Creative Look) (Креативен изглед) од 12-те ставки во менито со функции за фотографии со помош на горната/долната/левата/десната страна на контролното тркалце, а потоа притиснете во средината.
  3. Преминете на екранот што ја прикажува функцијата [Grid Line Display] (Приказ на линии во вид на решетка) со помош на горната/долната/левата/десната страна на контролното тркалце. Потоа, изберете ја функцијата [Grid Line Display] (Приказ на линии во вид на решетка) и притиснете во средината на контролното тркалце.
    • Функцијата ( Grid Line Display) (Приказ на линии во вид на решетка) ќе се прикаже на претходната локација на ( Creative Look) (Креативен изглед) во менито со функции.

Совет

  • Кога функцијата [Touch Operation] (Ракување со допир) е поставена на [On] (Вклучено) и [Shooting Screen] (Екран за снимање) во [Shooting Screen] (Екран за снимање) во [Touch Panel Settings] (Поставки на панел на допир) е поставена на [On] (Вклучено), можете да ја отворите и функцијата [Fn Menu Settings] (Поставки на мени со функции) со задржување на иконата во менито со функции.
TP1001265440