Self-timer(Single) (Тајмер(Единечен))

фотографија

Ви овозможува да снимите слика со помош на тајмерот откако ќе измине предвидениот број секунди по притиснување на копчето за блендата. Користете го тајмерот од 5 секунди/10 секунди ако сакате да бидете во кадарот, а тајмерот од 2 секунди користете го за да го намалите тресењето на фотоапаратот предизвикано со притискање на копчето за бленда.

  1. Притиснете / (Drive Mode (Режим на придвижување)) на контролното тркалце → [Self-timer(Single)] (Тајмер(Единечен).
    • Можете да го поставите режимот на придвижување со избирање MENU (Shooting (Снимање)) → [Drive Mode] (Режим на придвижување) → [Drive Mode] (Режим на придвижување).
  2. Изберете го саканиот режим со помош на десната/левата страна на контролното тркалце.
  3. Прилагодете го фокусот и снимете ја сликата.
    Светилката за тајмер трепка, се огласува звучен сигнал и се снима слика откако ќе измине избраниот број секунди.

Детали за ставките на менито

Режимот го одредува бројот на секунди што треба да изминат пред да се сними фотографијата откако ќе се притисне копчето за бленда.

Тајмер(Единечен): 10 сек.
Тајмер(Единечен): 5 сек.
Тајмер(Единечен): 2 сек.

Совет

  • Повторно притиснете го копчето за блендата или притиснете / (Drive Mode (Режим на придвижување)) на контролното тркалце за да го запрете одбројувањето на тајмерот.
  • Притиснете / (Drive Mode (Режим на придвижување)) на контролното тркалце и изберете (Single Shooting (Единечно фотографирање)) за да го откажете тајмерот.
  • Поставете ја опцијата [Audio signals] (Аудиосигнали) на [Off] (Исклучено) за да го исклучите сигналот што се огласува за време на одбројувањето на тајмерот.
  • За користење на тајмерот во режим на групирање, изберете го режимот на групирање во режим на придвижување, а потоа изберете MENU (Shooting (Снимање)) → [Drive Mode] (Режим на придвижување) → [Bracket Settings] (Поставки за групирање) → [Selftimer during Bracket] (Тајмер при групирање).

Забелешка

  • Тајмерот не е достапен во следните ситуации:
    • [Sports Action] (Спортски движења) во [Scene Selection] (Избор на сцени)
TP1001224821