HDMI дотерувања: Приказ на HDMI информации
Избира дали да ги прикаже информациите за фотографирање кога овој производ и телевизорот се поврзани преку HDMI кабел (се продава одделно).
-
MENU →
(Setup) → [HDMI Дотерувања] → [HDMIИнфо екран] - дотерување по желба.
Детали за ставка од менито
- Вклучено :
-
Ги прикажува информациите за снимање на ТВ.
Снимената слика и информациите за фотографирање се прикажани на ТВ, додека ништо не се прикажува на мониторот на апаратот.
- Исклучено :
-
Не ги прикажува информациите за снимање на ТВ.
Само снимената слика се прикажува на ТВ, додека снимената слика и информациите за фотографирање се прикажани на мониторот на апаратот.
Забелешка
- Кога фотоапаратот е поврзан со HDMI уред додека [
File Format] е дотерано во [XAVC S 4K] , дотерувањето се префрла на [Off] .

