Приказ за само-дијагностика

Ако се појави код што започнува со буква од азбуката, функцијата за само-дијагностицирање на овој производ работи. Последните две цифри (означени со □□) ќе се разликуваат во зависност од состојбата на овој производ.
Ако не можете да го решите проблемот дури и откако ќе ги пробате следниве корективни активности неколку пати, можеби на овој производ му треба поправка. Контактирајте го продавачот на Sony или локалниот овластен сервосер за Sony.

C: 32:

  • Има проблеми со хардверот на производот. Исклучете го и повторно вклучете го напојувањето.

C: 13:

  • Овој производ не може да чита или да пишува податоци на мемориската картичка. Обидете се повторно да го исклучите и вклучите овој производ, или да ја извадите и вметнете мемориската картичка неколку пати.
  • Вметната е неформатирана мемориска картичка. Форматирајте ја мемориската картичка.
  • Вметнатата мемориска картичка не може да се користи со овој производ или податоците се оштетени. Вметнете нова мемориска картичка.

Е: 61:

Е: 62:

Е: 91: □□

  • Се случи дефект на производот. Иницијализирајте го овој производ, а потоа повторно вклучете го напојувањето.

Е: 94: □□

  • Има дефект при пишување или бришење на податоците. Потребна е поправка. Контактирајте го продавачот на Sony или локалниот овластен сервис за Sony. Бидете подготвени да ги дадете сите броеви од кодот за грешка почнувајќи од E.