Проширување на Панорама

Ви овозможува да креирате единечна панорама на сликата од повеќе слики снимени додека ја поместувате камерата.

  1. Дотерајте го бирачот на режимот на ( Sweep Panorama).
  2. Насочете ја камерата кон предметот.
  3. Додека го допирате копчето за снимање до пола, насочете ја камерата на едниот крај од посакуваниот панорамски состав.
    • Можете да ја смените насоката на сликање пред снимање со помош на контролното тркало.

    (А) Овој дел нема да биде снимен.
  4. Допрете го копчето за снимање целосно до крај.
  5. Ставете ја камерата до крајот на водичот во правец на стрелката на мониторот.


    (B) Водич

Забелешка

  • Ако целиот агол на пораносмкото снимање не се активира за дотераното време, се појавува сива површина во компонирањето на сликата. Ако се случи ова, движете го производот побрзо да снимите цела панорамска слика.
  • Кога е избрано [Wide] за [Panorama: Size], целиот агол на панорамското снимање може да не се постигне во зададеното време. Ако се случи ова, обидете се да снимате откако ќе смените [Panorama: Size] во [Standard].
  • Бидејќи неколку слики се залепени заедно, залепениот пат може да не се сними во некои случаи.
  • Кога извори на светлина како флуоресцентна светлина, осветленоста и бојата на залепените слики може да не се доследни.
  • Кога целиот агол на панорамското снимање и AE/AF заклучениот агол се многу различни во осветленоста и фоксуот, снимањето може да не е успешно. Ако се случи ова сменете го AE/AF заклучениот агол и повторно снимајте.
  • Следниве ситуации не се погодни да снимате Sweep Panorama:
    • Предмети кои се движат.
    • Предмети кои се премногу блиску до производот.
    • Предмети со постојани слични шеми, како небо, плажа или тревник.
    • Предмети со постојано менување како бранови или водопади.
    • Предмети со широка осветленост различна од околината, како сонце или сијалица.
  • Sweep Panorama снимањето може да е прекинато во следните ситуации:
    • Кога камерата се навалува премногу брзо или споро.
    • Кога камерата се тресе премногу.
  • Континуирано снимање се прави за време на снимање Sweep Panorama и звукот од блендата продолжува да се зголемуа додека не заврши снимањето.
  • Следниве функции не се достапни со Sweep Panorama:
    • Снимање насмевка
    • Приоритет на лице/очи во AF
    • Приоритет на лице во повеќе мерења
    • Автоматско врамување на предмети
    • DRO/Автоматско HDR
    • Ефект на слика
    • Профил на слика
    • Ефект на мека кожа
    • Долга експозиција NR
    • Функција за следње
    • Зумирање
    • Режим на драјв
    • Свелот надгледување
  • Вредностите на дотерувањата за некои функции се фиксирани со Sweep Panorama, како што следува:
    • [ISO] iе фиксирано во [ISO AUTO].
    • [Фокус област] е фиксирано во [Wide].
    • [ High ISO NR] е фиксирано во [Normal] .
    • [Flash Mode] е фиксирано на [Flash Off] .