Испратете на компјутер

Можете да пренесете слики зачувани во производот на компјутер поврзан со безжичен акцес поинт или безжичен широкопојасен рутер и лесно да направите резервни копии со помош на оваа операција. Пред да започнете со оваа операција, инсталирајте ја PlayMemories Home на вашиот компјутер и регистрирајте го акцес поинтот на производот.

  1. Вклучете го вашиот компјутер.
  2. MENU(Network) → [Send to Computer] .

Забелешка

  • Во зависност од дотерувањата за апликација на вашиот компјутер, производот ќе се исклучи откако ќе ги зачувате сликите на вашиот компјутер.
  • Можете да пренесете слики од производот одеднаш на само еден компјутер.
  • Ако сакате да пренесете слики на друг компјутер, поврзете го производот и компјутерот преку USB конекција и следете ги упатствата во PlayMemories Home.
  • Прокси филмови не можат да се пренесат.