Испраќање слики на паметен телефон ( NFC Споделување со еден допир)

Со само еден допир, можете да ги поврзете овој производ и паметен телефон со можност за NFC и да испратите слика прикажана на екранот од производот директно на паметниот телефон. Може да пренесете слики, XAVC S филмови и филмови со голема брзина.

  1. Активирајте ја функцијата NFC на паметниот телефон.
    • На iPhone / iPad, активирајте Imaging Edge мобил и потоа изберете [Scan NFC/QR Code of the Camera][Scan NFC of the Camera] за да ја активирате функцијата NFC.
  2. Се прикажува една слика на производот.
  3. Продолжете да го допирате паметниот телефон на фотоапаратот 1 до 2 секунди.

    Производот и паметниот телефон се поврзани, а потоа прикажаната слика се испраќа до паметниот телефон.

    • Пред да го допрете паметниот телефон, откажете ги функциите за спиење и заклучување на екранот на паметниот телефон.
    • Функцијата NFC е достапна само кога (N-Mark) се прикажува на производот.
    • За да пренесете две или повеќе слики, изберете MENU( Network)[Испраќање на смартфон][Испраќање на смартфон] за да изберете слики. Откако ќе се појави екранот за овозможена врска, користете NFC за да ги поврзете производот и паметниот телефон.

За „NFC“

NFC е технологија која овозможува безжична комуникација со краток дострел помеѓу различни уреди, како што се мобилни телефони или ознаки за ИЦ, и т.н. NFC комуникацијата со податоци ја прави поедноставна со само еден допир на одредената точка.

  • NFC (Near Field Communication) е интернационален стандард за безжична технологија за комуникација со краток опсег.

Забелешка

  • Можете да изберете големина на слика да биде пратена на паметен телефон од [Original], [2M] или [VGA].
    За менување на големината на слика, видете во следните чекори.
    • За Android паметен телефон 
      Активирајте ја Imaging Edge мобил и сменете ја големината на сликата со [Settings] [Copy Image Size].
    • За iPhone или iPad
      Изберете Imaging Edge мобил од Settings, и сменете ја големината на сликата со помош на [Copy Image Size].
  • RAW сликите се конвертираат во JPEG формат кога тие се пратени.
  • Не можете да пратите филмови со AVCHD формат.
  • Во зависност од паметниот телефон, префрлениот филм можеби нема да се репродуцира правилно. На пр., филмот може да не се репродуцира мазно или можеби нема да има звук.
  • Ако на производот се појави индекс со слики не може да ги префрлите сликите со помош на NFC функцијата.
  • Ако не можете да направите поврзување, направете го следното:
    • Активирајте ја Imaging Edge мобил на паметен телефон и потоа поместувајте го паметниот телефон полека кон  (N-Mark) на овој производ.
    • Ако паметниот телефон е во кутија, извадете го.
    • Ако апаратот е во кутија, извадете го.
    • Проверете дали NFC функцијата е активирана на паметниот телефон.
  • Кога [Airplane Mode] е дотерано во [On], не можете да ги поврзете апаратот и паметниот телефон. Дотерајте [Airplane Mode] во [Off].