Вметнување / отстранување на мемориска картичка

Објаснува како да вметнете мемориска картичка (се продава одделно) во производот.

  1. Отворете го капакот на батеријата / мемориската картичка.

  2. Вметнете ја мемориската картичка.

    • Со закосениот агол свртен во илустрираната насока, вметнете ја мемориската картичка сè додека не кликне на своето место. Вметнете ја правилно мемориската картичка. Доколку ја ставите во погрешна насока тоа може да предизвикаат дефект.
  3. Затворете го капакот.

Совет

  • Кога за прв пат користите мемориска картичка со фотоапаратот, се препорачува да ја форматирате картичката на фотоапаратот за постабилни перформанси на мемориската картичка.

За да ја отстраните мемориската картичка

Отворете го капакот на мемориската картичка и проверете дали индикаторот за пристап (A) не свети, а потоа допрете ја мемориската картичка лесно еднаш за да ја извадите.