Полнење на батеријата додека е вметната во фотоапаратот
-
Исклучете го напојувањето.
-
Поврзете ја камерата со батерија вметната во адаптерот за напојување (испорачан) со помош на микро USB-кабел (испорачан) и поврзете го AC адаптерот во штекер.
Индикатор за полнење на фотоапаратот (портокалова)
Свети:
Исклучен: Полнењето заврши
Трепка: Грешка при полнење или полнењето привремено е прекинато, бидејќи фотоапаратот не е во соодветниот опсег на температурата- Време на полнење (целосно полнење): Времето на полнење е приближно 150 мин.
- Горенаведеното време на полнење се однесува при полнење на целосно испразнета батерија на температура од 25 ° C (77 ° F). Полнењето може да трае подолго во зависност од условите на користење и околностите.
- Индикаторот за полнење се исклучува кога ќе се заврши полнењето.
- Ако индикаторот за полнење се пали и потоа веднаш се исклучи, батеријата е целосно наполнета.
Забелешка
- Ако индикаторот за полнење трепка кога батеријата не е целосно наполнета, извадете ја батеријата или исклучете го USB-кабелот од фотоапаратот и повторно вметнете ја за да се наполни.
- Ако индикаторот за полнење на фотоапаратот трепка кога AC адаптерот е поврзан со штекер, ова покажува дека полнењето е привремено запрено бидејќи температурата е надвор од препорачаниот опсег. Кога температурата ќе се врати во соодветниот опсег, полнењето продолжува. Препорачуваме да ја полните батеријата на амбиентална температура од 10 ° C до 30 ° C (50ºF до 86ºF).
- Користете го штекерот во близина кога користите AC адаптер / полнач за батерии. Ако се појави некој дефект, исклучете го приклучокот од штекерот веднаш за да се исклучите од изворот за напојување.
Ако го користите производот со индикаторот за полнење, имајте во предвид дека производот не е исклучен од изворот на напојување дури и кога светилката е исклучена. - Ако го вклучите апаратот со напојување ќе се снабди од штекерот и ќе може да работите со апаратот. Меѓутоа, батеријата нема да се полни.
- Кога користите комплетно нова батерија или батерија која не е користена подолго време, индикаторот за полнење може да трепка брзо кога батеријата се полни. Ако се случи ова, извадете ја батеријата или откачете го USB кабелот од апаратот и потоа повторно ставете ја да се полни.
- Не ја полните континуирано или постојано батеријата без да ја користите ако веќе е целосно наполнета или близу до целосно наполнета. На ваков начин може да се предизвика влошување на перформансите на батеријата.
- Кога полнењето ќе заврши, исклучете го АС адаптерот од штекер.
- Бидете сигурни дека користете само оригинални пакувања за батерии на брендот Sony, USB кабли (испорачани) и AC адаптери (испорачани).

