Избор на сцени

Ви овозможува да фотографирате со претходно поставени дотерувања според сцената.

  1. Дотерајте го бирачот на режимот во SCN ( Избор на сцена ).
  2. Свртете го контролното тркало за да изберете дотерување по желба.

Детали за ставка од менито

Портрет :
Ја замаглува позадината и го изострува предметот. Нежно ги нагласува тоновите на кожата.

Спортска акција :
Снима подвижен предмет со голема брзина на блендата, така што предметот изгледа како да мирува. Производот постојано фотографира слики додека се допира копчето за снимање.

Макро :
Снима блиски теми на предмети, како што се цвеќиња, инсекти, храна или мали предмети.

Пејзаж :
Го снима целиот спектар на сценографијата во остар фокус со живописни бои.

Зајдисонце :
Убаво ја снима црвената боја на зајдисонцето.

Ноќна сцена :
Снима ноќни сцени без да ја изгуби темната атмосфера.

Рачен самрак :
Снима ноќни сцени со помалку бучава и матно без да користите статив. Се преземаат сликања на снимки, а обработката на сликтаа се применува за да се намали заматеноста на предметот, тресењето на камерата и бучавата.

Ноќен портрет :
Снима портрети во ноќни сцени со помош на блиц.
Блицот не се појавува автоматски. Рачно извлечете го блицот пред да снимате.

Спречување заматеност од движење:
Овозможува да снимате слики во затворен простор без да користите блиц и ја намалува заматеноста на предметот. Производот снима рафални слики и ги комбинира да креира слика, намалувајќи заматеност и бучава на предметот.

Миленици:
Овозможува да снимате слики од Вашите миленичиња со најдобри дотерувања.

Гурмански:
Овозможува да снимате аранжмани со храна во вкусни и светли бои..

Огномет:
Овоможува да снимате слики со огномет со целиот нејзин спектар.

Висока осетливост:
Овозможува да снимате слики дури и на темни места без да користите блиц и го намалува заматувањето на предметото. Исто така овозможува да снимате посветло темни сцени од филм.

Совет

  • Да ја смените сцената, вртете го контролното тркало на екранот за снимање и изберете нова сцена.

Забелешка

  • Во следните дотерувања, брзината на блендата е побавна, затоа се препорачува да користете статив и т.н. да спречите заматување на сликата:
    • [Ноќни сцени]
    • [Ноќен портрет]
    • [Огномет]
  • Во [Hand-held Twilight] или [Anti Motion Blur] режим, блендата кликнува 4 пати и сликата е снимена.
  • Ако изберете [Hand-held Twilight] или [Anti Motion Blur] со [RAW] или [RAW & JPEG], [File Format] привремено стануваат [JPEG].
  • Намалување на заматеност е помалку ефективен дури и во [Hand-held Twilight] или [Anti Motion Blur] кога ги снимате следните предмети:
    • Предмети со непредвидливо движење.
    • Предмети кои се преблиску до апаратот.
    • Предмети со постојана слична шема, како небо, плажа или тревник.
    • Предмети со постојано менување како бранови или водопади.
  • Во случај на [Hand-held Twilight] или [Anti Motion Blur] , може да се појави бучава кога користите извор на светлина што трепери, како што е флуоресцентно осветлување.
  • Минималното растојание со кое може да се приближите до некој предмет не се менува дури и ако изберете [Macro] . За минималниот опсег во фокусот, погледнете на минималното растојание на објективот прикачен на производот.