Снимање на стандардна бела боја за дотерување на балансот на белата боја (прилагоден баланс на бела боја)

Во сцената каде што амбиенталното светло се состои од повеќе видови на извори на светлина, се препорачува да се користи вообичаениот баланс на белата боја за да може точно да се репродуцира белината. Можете да регистрирате 3 дотерувања.

  1. MENU(Camera Settings1) → [White Balance] → изберете помеѓу [Custom 1] до [Custom 3] и потоа допрете ја десната страна на контролното тркало.
  2. Изберете , а потоа допрете во центарот на контролното тркало.
  3. Држете го производот така што белата површина целосно ја покрива рамката за сликање на баланс на бела боја, а потоа допрете цо центарот на контролното тркало.
    По звукот на блендата, се прикажуваат калибрираните вредности (Температура на боја и филтер за боја).
    • Можете да ја прилагодите позицијата на рамката за снимање на баланс на бела боја со допирање на горната / долната / левата / десната страна на контролното тркало.
    • По снимањето на стандардна бела боја, можете да го прикажете екранот за фино прилагодување со допирање на десната страна на контролното тркало. Конечно можете да ги прилагодите тоновите на боја по потреба.
  4. Допрете во центарот на контролното тркало.
    Калибрираните вредности ќе бидат регистрирани. Мониторот се враќа на екранот MENU додека го задржува меморираното дотерување за прилагоден баланс на белата боја.
    • Регистрираното дотерување за прилагоден баланс на бела боја ќе остане запаметена додека не биде меморирано друго дотерување.

Забелешка

  • Пораката [Capturing of the custom WB failed.] означува дека вредноста е во неочекуваниот опсег, на пр. кога предметот е премногу живописен. Можете да го регистрирате дотерувањето во овој момент, но се препорачува повторно да го дотерате балансот на бела боја. Кога е дотерана вредност за грешка, индикаторот   се вклучува портокалово на екранот со информации за снимање. Индикаторот ќе се прикаже во бела боја кога дотерана вредност е во очекуваниот опсег.
  • Ако користите блиц кога снимате основна бела боја, прилагодениот баланс на белата боја ќе се регистрира со осветлувањето од блицот. Бидете сигурни дека користите блиц кога и да снимате со меморирани дотерувања кои се регистрирани со блиц.