Инсталирање на PlayMemories Home
- Користејќи го Интернет-прелистувачот на вашиот компјутер, одете на URL-то подолу и преземете го PlayMemories Home следејќи ги упатствата на екранот.
- Потребна е Интернет врска.
- За детални инструкции, посетете ја страницата за поддршка на почетната страница на PlayMemories.
https://www.sony.co.jp/pmh-se/
- Поврзете го производот со вашиот компјутер користејќи микро USB кабел (испорачан), а потоа вклучете го производот.
- Може да се додадат нови функции во PlayMemories Home. Дури и ако PlayMemories Home веќе е инсталиран на вашиот компјутер, повторно поврзете го овој производ и вашиот компјутер.
- Не го вадете микро USB-кабелот (испорачан) од фотоапаратот додека фотоапаратот работи или се прикажува пристапниот екран. Со тоа може да се оштетат податоците.
О: До терминалот за Мулти/Микро USB
Б: До USB приклучокот на компјутерот
Забелешка
- Пријавете се како администратор.
- Можеби е неопходно да го рестартирате компјутерот. Кога ќе се појави пораката за потврда за рестартирање, рестартирајте го компјутерот следејќи ги упатствата на екранот.
- DirectX може да се инсталира во зависност од опкружувањето на системот на вашиот компјутер.

