Гледање слики на ТВ со помош на HDMI кабел
За да ги видите сликите зачувани на овој производ со помош на ТВ, потребен е HDMI кабел (се продава одделно) и HD телевизор опремена со HDMI приклучок.
- Исклучете го овој производ и ТВ-уредот.
- Поврзете го HDMI микро-терминалот на овој производ со HDMI приклучокот на телевизорот со помош на HDMI кабел (се продава одделно).
- Вклучете го ТВ-уредот и вклучете го влезот.
- Вклучете го овој производ.
Сликите снимени со производот се појавуваат на ТВ-екранот.
- Изберете слика користејќи ја десната / левата страна на контролното тркало.
- Мониторот на оваа камера не е осветлен на екранот за репродукција.
- Ако екранот за репродукција не е прикажан, допрете го копчето
(Playback).
Синхронизација „БРАВИЈА“
Со поврзување на овој производ во ТВ кој поддржува “BRAVIA” Sync со помош на HDMI кабел (се продава одделно), може да ракувате со функциите за репродукција на овој производ со далечинскиот управувач од ТВ.
- Откако ќе ги направите горенаведените чекори за поврзување на овој апарат со ТВ, изберете MENU →
(Setup) → [HDMI Дотерувања] → [CTRL FOR HDMI] → [On]. - Допрете на SYNC MENU копчето на далечинскиот управувач од ТВ и изберете режим по желба.
- Ако го поврзете овој апарат со ТВ преку HDMI кабел, достапните ставки од менијата се ограничени.
- Само ТВ кој поддржува “BRAVIA” Sync може да обезбеди SYNC MENU операции. За детали видете во упатството за употреба испорачано со ТВ.
- Ако апаратот изведува несакани операции како одговор на далечинскиот управувач на ТВ кога производот е поврзан во ТВ од друг производител со поош на HDMI поврзување, изберете MENU →
(Setup) → [HDMI Дотерувања] → [CTRL FOR HDMI] → [Off].
Совет
- Овој производ е компатибилен со PhotoTV HD стандард. Ако поврзете Sony PhotoTV HD-компатибилен уреди со помош на HDMI кабел (се продава одделно), ТВ е дотеран во квалитет на слика соодветен за гледање слики и можете да уживате во гледање фотографии со неверојатен квалитет.
- Може да го поврзете овој производ со Sony PhotoTV HD-компатибилни уреди со USB терминал со помош на USB кабел.
- PhotoTV HD Ви овозоможува многу детално изразување на слики со суптилни текстури и бои.
- За детали видете во упатството за употреба испорачано со компатибилниот ТВ.
Забелешка
- Не го поврзувајте овој апарат и друг уред со помош на излезни терминали на двата апарата. На тој начин може да предизвикате дефект.
- Некои уреди може да не работат правилно кога ќе го поврзете со овој производ. На пр., тие можеби немаат излез за видео или аудио.
- Користете HDMI кабел со HDMI лого или оригинал Sony кабел.
- Користете HDMI кабел кој е компатибилен со HDMI микро терминал на производот и HDMI приклучок на ТВ.
-
Кога [
TC Output] е дотерано во [On], сликата може да не се емитува правилно на ТВ или уредот за снимање. Во овој случај, дотерајте [
TC Output] во [Off].
-
Ако сликите не се прикажуваат правилно на ТВ екранот изберете MENU →
(Setup) → [HDMI Дотерувања] → [HDMI резолуција] → [2160p/1080p], [1080p] или [1080i] во согласност со ТВ кој треба да се поврзе.
- За време на HDMI излезот, кога го префрлате филмот од 4K во HD квалитет на слика или обратно, или го менувате филмот во различна стапка на брзина или различен режим на боја, екранот може да се затемни. Ова не е дефект.
-
Кога [
Proxy Recording] е дотеран во [On], сликите не можат да се емитуваат на HDMI уред додека снимате 4K филм.

