Контрола на камерата со користење на Андроид паметен телефон (QR Code)
Можете да го контролирате овој производ користејќи го вашиот паметен телефон со поврзување на паметниот телефон со фотоапаратот со помош на QR Code.
Осигурете се дека [Ctrl w / Smartphone] е дотеран во [On] со избирање MENU →
(Network) → [Ctrl w / Smartphone] .
- MENU →
(Network) → [Ctrl w/ Smartphone] → [
Connection] .
QR Code (A) и SSID (B) се прикажани на мониторот на овој производ.
- Активирајте ја Imaging Edge мобил на вашиот паметен телефон и изберете [Scan QR Code of the Camera] .
- Изберете [OK] на екранот на паметниот телефон.
- Кога ќе се прикаже порака, повторно изберете [OK] .
- Прочитајте го QR Code прикажан на мониторот на овој производ со паметниот телефон.Откако ќе се прочита QR Code, ќе се појави порака [Connect with the camera?] на екранот на паметниот телефон.
- Изберете [OK] на екранот на паметниот телефон.Паметниот телефон е поврзан со производот.
- Можете да фотографирате далечински додека го проверувате составот на екранот од паметниот телефон.
Совет
- Откако ќе се прочита QR Code, SSID (DIRECT-xxxx) на овој производ и лозинката се регистрираат на паметниот телефон. Ова Ви овозможува лесно поврзување на паметниот телефон со производот преку Wi-Fi подоцна со избирање на SSID. (Прво дотерајте [Ctrl w/ Smartphone] во [On].)
Забелешка
- Може да се случи пречки во радио брановите бидејќи Bluetooth комуникацијата и Wi-Fi (2.4 GHz) комуникацијата користат иста фреквенција. Ако Вашето Wi-Fi поврзување не е стабилно, може да се подобри со исклучување на Bluetooth функцијата на паметниот телефон. Ако го направите ова, функцијата за информација за локација на поврзување не е достапна.
- Кога снимате филмови користејќи паметен телефон како далечински управувач, мониторот на производот станува потемен.
- Ако не можете да го поврзете вашиот паметен телефон со овој производ со функцијата [One-touch (NFC)] или QR Code, користете ги SSID и лозинката.

