SONY НЕМА ДА ОДГОВАРА ЗА НИКАКВИ ШТЕТИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД НЕПРИМЕНА НА СООДВЕТНИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ НА УРЕДИТЕ ЗА ПРЕНОС, НЕИЗБЕЖНИТЕ ПРОТЕКУВАЊА НА ПОДАТОЦИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД СПЕЦИФИКАЦИИТЕ ЗА ПРЕНОС ИЛИ ДРУГИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРОБЛЕМИ.
Во зависност од работното опкружување, неовластени трети страни на мрежата може да имаат пристап до уредот. Кога го поврзувате уредот со мрежата, уверете се дека мрежата е безбедна.
Од безбедносен аспект, кога го користите уредот додека е поврзан со мрежата, ви препорачуваме да пристапите до прозорецот за контрола преку веб-пребарувач и да ги промените поставките за ограничување на пристапот од однапред поставените фабрички вредности. Исто така, ви препорачуваме да поставите лозинка со доволен број знаци што тешко може да се претпостави и да ја чувате на безбедно.
Не прелистувајте друг веб-сајт во веб-пребарувачот додека ги приспособувате поставките или откако ќе ги приспособите поставките. Бидејќи статусот на најавата останува во веб-пребарувачот, затворете го веб-пребарувачот кога ќе ги приспособите поставките за да спречите неовластени трети страни да го користат уредот или да се извршуваат штетни програми.
Кога го поврзувате овој производ со мрежа, поврзете го преку систем што нуди функција за заштита, како што е рутер или заштитен ѕид. Ако го поврзете без таква заштита, може да се појават безбедносни проблеми.