Поставување SNMP
Може да ги промените поставките за контролен протокол на SNMP на страницата [SNMP] во [Advanced Settings (Напредни поставки)].
Забелешка
- Внесената вредност нема да се примени додека не го кликнете копчето [Apply (Примени)].
-
Изберете [Advanced Settings (Напредни поставки)] - [SNMP] и прикажете ја страницата [SNMP].

-
Поставете ја секоја ставка и кликнете на копчето [Apply (Примени)].
Ставки за поставување
[Start SNMP Service (Стартување на услугата SNMP)]
Вклучете или исклучете ја функцијата SNMP. Поставките поврзани со SNMP се применуваат само ако функцијата е вклучена.
[Community (Заедница)]
Изберете го името на SNMP заедницата на кое сакате да го регистрирате вашиот уред.
- [Add (Додавање)]: додајте нова заедница.
- [Edit (Уредување)]: уредете ја тековно избраната заедница.
- [Remove (Отстранување)]: избришете ја тековно избраната заедница.
[Community Edit (Уредување на заедница)]
Изберете го копчето Add (Додај) или Edit (Уреди) за да додадете или уредите заедница во Community Edit (Уредување на заедница). Стандардната фабричка поставка е „public“.
- [Community Name (Име на заедница)]: внесете го името на заедницата за SNMP.
- [Rights (Права)]: поставете ги правата на пристап до базата за управување со податоци (MIB).
- [Trap destination address list (Список на адреси на одредиштата за предупредувачки пораки)]: поставете ја адресата на одредиштето за предупредувачки пораки. Изберете го копчето Add (Додај) за да ја додадете IP-адресата во Trap destinations (Одредишта за предупредувачки пораки).
По уредувањето, изберете го копчето OK во Add edits to community list (Додавање уредувања во списокот со заедници) за да ги додадете содржините во списокот со заедници.
[Send Authentication Trap (Испраќање предупредувачка порака за автентикација)]
Вклучете ја оваа функција за да испратите предупредувачка порака кога е откриена неуспешна автентикација.
[Accept SNMP packets from these hosts (Прифаќање SNMP-пакети од овие хостови]
Вклучете ја оваа функција за да го ограничите примањето SNMP пакети само од главните компјутери регистрирани во Host address list (Список на адреси за хостови).
[Host address list (Список на адреси за хостови)]
Поставете ја IP-адресата на хостот што ги добива SNMP-пакетите. Изберете го копчето Add (Додај) за да ја додадете IP-адресата во Host address list (Список на адреси за хостови). Од сигурносни причини, ви препорачуваме да внесете IP-адреса за да го ограничите пристапот.