Поврзување со компјутер
Поврзете го HDMI-влезот на проекторот со излезот на мониторот преку HDMI-кабел (не се испорачува).

: проток на сигналот
Забелешка
- Користете „Premium High Speed“ HDMI-кабел на којшто има лого со типот на кабелот. Ако користите кабел што не е Premium High Speed, 4K-сликите може да не се прикажуваат правилно.
- Користете „Ultra High Speed“ HDMI-кабел за HDMI-уред што поддржува репродукција на слика во 4K со 120 Hz.
- Кога поврзувате HDMI-кабел со проекторот, погрижете се ознаката (
) на горната страна од HDMI-приклучокот на проекторот и ознаката (
) на приклучокот од кабелот да бидат насочени еден кон друг. - Ако сликата од уред што е поврзан со HDMI-кабел не се прикажува правилно, проверете ги поставките на поврзаниот уред.
- Ако сигналот е поставен да се емитува на компјутерски екран и на надворешен монитор, можно е сликата на проекторот да не се прикажува правилно. Поставете компјутерот да го емитува сигналот само на надворешниот монитор. За поставките на компјутерот, консултирајте се со неговиот производител.