Далечинскиот управувач не работи.

  • Батериите може да се слаби. Заменете ги старите батерии со нови.
  • Ставете ги батериите со точниот поларитет.
  • Ако во близина на приемникот за далечинскиот управувач се наоѓа извор на светлина, уредот може да работи неправилно.
  • Проверете ја позицијата на приемникот за далечинскиот управувач на уредот.
  • Поставете ја функцијата [IR Receiver (IR-приемник)] на [Front & Rear (Преден и заден)] во менито [Installation (Инсталација)].
  • Погрижете се кабелот да не е поврзан во приклучокот IR IN.