Поврзување со видеоопрема

Може да уживате во висок квалитет на слика така што ќе поврзете опрема, како што е DVD-плеер/снимач, Blu-ray Disc-плеер/снимач или PlayStation®, опремени со HDMI-излез во HDMI-влезот на проекторот.

Поврзете го HDMI-влезот на проекторот со HDMI-излезот на аудиозасилувачот преку HDMI-кабел (не се испорачува). Поврзете го аудиозасилувачот со HDMI-излезот на видеоопремата.

: проток на сигналот

Забелешка

  • Користете „Premium High Speed“ HDMI-кабел на којшто има лого со типот на кабелот. Ако користите кабел што не е Premium High Speed, 4K-сликите може да не се прикажуваат правилно.
  • Користете „Ultra High Speed“ HDMI-кабел за HDMI-уред што поддржува репродукција на слика во 4K со 120 Hz.
  • Кога поврзувате HDMI-кабел со проекторот, погрижете се ознаката () на горната страна од HDMI-приклучокот на проекторот и ознаката () на приклучокот од кабелот да бидат насочени еден кон друг.
  • Ако сликата од уред што е поврзан со HDMI-кабел не се прикажува правилно, проверете ги поставките на поврзаниот уред.