Опција во менито: Network Setting (Мрежни поставки)

Може да ги конфигурирате поставките за интернет-протоколот.

  1. Притиснете го копчето MENU.
  2. Изберете [Installation (Инсталација)] - [Network Setting (Мрежни поставки)] - саканата поставка.

Поставки

[IPv4 Setting (Поставка за IPv4)]

  • [IP Address Setup (Поставување IP-адреса)]: може да го изберете методот за поставување IP-адреса.
    • [Auto(DHCP) (Автоматски(DHCP))]: мрежните поставки автоматски се доделуваат од функциите на DHCP-серверот како што е рутерот.
    • [Manual (Рачно)]: мрежните поставки се конфигурираат рачно. Изберете ја саканата ставка со копчето / (лево/десно) и внесете ја вредноста со копчето / (горе/долу).
      Кога ќе се внесат сите ставки, изберете [Apply (Примени)], а потоа притиснете го копчето (Внеси). Внесените поставувања се применуваат.
  • [IP Address (IP-адреса)]: се поставува IP-адресата на проекторот.
  • [Subnet Mask (Маска на подмрежа)]: се поставува маската на подмрежа.
  • [Default Gateway (Зададена капија)]: се поставува зададената капија на проекторот.
  • [MAC Address (MAC-адреса)]: се поставува MAC-адресата на проекторот. Таа не може да се промени.
  • [Apply (Примени)]: ја овозможува IP-адресата што се поставува рачно.

[IPv6 Information (Информации за IPv6)]

Се прикажуваат информациите за IPv6-адресата. Поставете ја IPv6-адресата од веб-пребарувачот.