Опција во менито: Panel Alignment (Порамнување на панелите)
Може малку да го приспособите поместувањето на бојата на текстот или сликата на платното за проекција.
-
Притиснете го копчето MENU.
-
Изберете
[Installation (Инсталација)] - [Panel Alignment (Порамнување на панелите)] - [Adjust (Приспособување)] или [Preset (Однапред поставена вредност)].Податоците за корекција се меморирани во [Preset (Однапред поставена вредност].
-
Кога ќе изберете [Adjust (Приспособи)], приспособете го поместувањето на боите така што ќе изберете [Adjust Item (Приспособување ставка)] и [Adjust Color (Приспособување боја)].
Поставки
[Adjust Item (Приспособување ставка)]
Може да го изберете начинот на приспособување од следното.
- [Shift (Поместување)]: ја поместува целата слика за да се направат приспособувања.
- [Zone (Зона)]: го приспособува саканиот опсег за да се направат приспособувања.
[Adjust Color (Приспособување боја)]
Ја наведува саканата боја за да се приспособи поместувањето на боите. Изберете [R] (црвена) или [B] (сина) за да направите приспособувања врз основа на [G] (зелена).
[Pattern Color (Боја на шаблон)]
Кога [Adjust Color (Приспособување боја)] е поставено на [R] (црвена), изберете [R/G] (црвена и зелена) или [R/G/B] (бела, сите бои).
Кога [Adjust Color (Приспособување боја)] е поставено на [B] (сина), изберете [B/G] (сина и зелена) или [R/G/B] (бела, сите бои).
[Adjust (Приспособување)]
Може да извршите приспособување на поместувањето и приспособувањето на зоната на бојата што е избрана во [Adjust Color (Приспособување боја)], со копчињата
/
(Лево/Десно) и
/
(Горе/Долу).
- Кога е избрана функцијата [Shift (Поместување)]: поставете го степенот на приспособување за хоризонталната насока (H) со копчето
/
(лево/десно) и за вертикалната насока (V) со копчето
/
(горе/долу) на екранот за приспособување на поместувањето.
- Кога е избрана функцијата [Zone (Зона)]: изберете ја саканата хоризонтална позиција (H Position) со копчето
/
(лево/десно) и саканата вертикална позиција (V Position) со копчето
/
(горе/долу). Потоа, притиснете го копчето
(Внеси).
Поставете го степенот на приспособување за хоризонталната насока (H) со копчето
/
(лево/десно) и за вертикалната насока (V) со копчето
/
(горе/долу).Може повторно да ја изберете саканата позиција со притиснување на копчето
(Внеси).
[Reset (Ресетирање)]
Поставките се враќаат на стандардните поставки.
Забелешка
- Во зависност од приспособувањата направени погоре, боите може да станат нерамномерни или може да се промени резолуцијата.