Опција во менито: Picture Position (Позиција на сликата) (VPL-XW8100/VPL-XW6100)
Може да зачувате најмногу три комбинации поставки на објективот, соодносот на сликата и затемнувањето.
-
Притиснете го копчето MENU.
-
Изберете
[Screen (Екран)] - [Picture Position (Позиција на сликата)]. -
Откако ќе го поставите објективот (фокус, големина на слика, позиција на слика), изберете ја саканата позиција од [Custom 1 (Приспособено 1)] до [Custom 5 (Приспособено 5)] според приспособениот сооднос на сликата на екранот. Потоа потврдете ја избраната позиција.
-
Изберете [Save (Зачувај)], [Delete (Избриши)] или [Select (Избери)].
Поставки
[Save (Зачувај)]
Постојните поставки на објективот (фокус, големина на сликата, позиција на сликата) се зачувани во избраната позиција. Ако некоја поставка веќе е зачувана во таа позиција, таа се презапишува.
[Delete (Избриши)]
Зачуваната поставка се брише. Откако поставката ќе се избрише, [Custom 1 (Приспособено 1)] до [Custom 5 (Приспособено 5)] на екранот ќе се променат во [---].
[Select (Избери)]
Поставките за избраната позиција се активираат повторно.
Совет
- Се препорачува прво да поместите надолу за 5 см (2 инчи) или повеќе од саканата точка, па поместете нагоре пред да ја зачувате позицијата на сликата. Тоа ја подобрува прецизноста на позицијата на сликата кога ја повикувате.
- Исто така, може да ја поставите [Picture Position (Позиција на сликата)] со копчето POSITION на далечинскиот управувач.
Забелешка
- Кога позицијата ќе се избере и ќе се потврди, објективот почнува да се движи. Не допирајте го објективот и не ставајте ништо во близина на објективот. Ако го направите тоа може да предизвикате повреда или дефект.
- Ако притиснете некое копче на далечинскиот управувач или на контролниот панел додека објективот се движи, тој ќе запре. Во таков случај, повторно изберете ја позицијата на објективот или приспособете го рачно.
- Ако користите сооднос на сликата од 2,35:1 и сооднос на сликата од 16:9 со функцијата Picture Position (Позиција на сликата), уверете се дека положбата за монтирање на проекторот е соодветна.
- Нема гаранција дека функцијата Picture Position (Позиција на сликата) прецизно ќе ги репродуцира поставките на објективот.