Опција во менито: High Altitude Mode (Режим на голема надморска височина)
Може да го поставите според атмосферскиот притисок на локацијата на монтирање.
-
Притиснете го копчето MENU.
-
Изберете
[Setup (Поставување)] - [High Altitude Mode (Режим на голема надморска височина)] - саканата поставка.
Поставки
[Level 2 (Ниво 2)]
Изберете кога го користите проекторот на локација со надморска височина од 1 800 м (приближно 5 900 стапки) или повеќе.
[Level 1 (Ниво 1)]
Изберете кога го користите проекторот на локација со надморска височина од 1 000 м (приближно 3 280 стапки) до 1 800 м (приближно 5 900 стапки).
[Off (Исклучено)]
Изберете кога го користите проекторот на рамна подлога.
Совет
- Кога е избрано [Level 2 (Ниво 2)] или [Level 1 (Ниво 1)], шумот на вентилаторот е малку погласен бидејќи брзината на вртење на вентилаторот се зголемува. Во опкружување со висока температура, светлото на ласерот автоматски се приспособува според температурата на влезниот воздух, а осветленоста малку ќе се намали.