Користење на позицијата на сликата (VPL-XW8100/VPL-XW6100)
Може да зачувате најмногу три комбинации на поставки за објективот (фокус, големина на слика, позиција на слика), соодносот на сликата и затемнувањето. Овие поставки може да ги повикате подоцна.
-
Притиснете го копчето POSITION.
Се појавува прозорецот за избор на позиција на сликата.
Позицијата каде што поставките за објективот не се зачувани се прикажува како [---].

-
Притиснете го копчето POSITION неколку пати за да ја изберете позицијата.
Се повикува избраната позиција.
Исто така, може да ја изберете саканата позиција со притиснување на копчето
/
(Горе/Долу) и копчето
(Внеси).
Зачувајте или избришете ги поставките за објективот (фокус, големина на сликата, позиција на сликата) во [Picture Position (Позиција на сликата)] во менито
[Screen (Екран)].
Приспособете го соодносот на сликата или затемнувањето во [Aspect (Сооднос на слика)] или [Blanking (Затемнување)] во менито
[Screen (Екран)].
Поместување на објективот
Во примерите подолу се прикажани слики со сооднос на сликата од 1,78:1 (16:9) или 2,35:1 што се проектирани на платно од 2,35:1.
- Кога се проектира слика од 1,78:1 (16:9)

- Кога се проектира слика од 2,35:1
Кога ќе го притиснете копчето POSITION, сликата од 2,35:1 се проширува за да го исполни платното.

Забелешка
- Кога позицијата ќе се избере и ќе се потврди, објективот почнува да се движи. Не допирајте го објективот и не ставајте ништо во близина на објективот. Ако го направите тоа може да предизвикате повреда или дефект.
- Ако притиснете некое копче на далечинскиот управувач или на контролниот панел додека објективот се движи, тој ќе запре. Во таков случај, повторно изберете ја позицијата на објективот или приспособете го рачно.
- Нема гаранција дека функцијата Picture Position (Позиција на сликата) прецизно ќе ги репродуцира поставките на објективот.
- Кога се користат повеќе соодноси на слика на платното со помош на зумот на објективот, поставете го проекторот во рамките на растојанието за проекција што е наведено во списокот на Растојание за проекција. Во зависност од позицијата на поставувањето, опсегот на поместување на објективот може да биде ограничен, иако проекторот е поставен во рамките на наведениот опсег.