Поставување PJ Talk

Може да ги промените поставките за контролен протокол на PJ Talk на страницата [PJ Talk] во [Advanced Settings (Напредни поставки)].

Забелешка

  • Внесената вредност нема да се примени додека не го кликнете копчето [Apply (Примени)].
  1. Изберете [Advanced Settings (Напредни поставки)] - [PJ Talk] и прикажете ја страницата [PJ Talk].

  2. Поставете ја секоја ставка и кликнете на копчето [Apply (Примени)].

Ставки за поставување

[Start PJ Talk Service (Стартување на услугата PJ Talk)]

Вклучете или исклучете ја функцијата PJ Talk. Поставките поврзани со PJ Talk се применуваат само ако функцијата е вклучена.

[Community (Заедница)]

Внесете ги имињата на заедницата за Advertisement (Реклама) и PJ Talk. Ако го промените, името на заедницата на Advertisement (Реклама) исто така ќе се промени. Може да внесете само 4 алфанумерички знаци. Фабрички зададената поставка е „SONY“. За да спречите неовластен пристап до проекторот од друг компјутер, ви препорачуваме да го промените фабрички поставеното име на заедницата.

[Port No. (Број на порта)]

Внесете ја портата на серверот за PJ Talk. Стандардната фабричка поставка е „53484“.

[Timeout (Време на истекување)]

Внесете го времето (секунди) додека не се прекине врската кога комуникацијата со PJ Talk е прекината. Стандардната фабричка поставка е „30“.

[Host address list (Список на адреси за хостови)]

Внесете ја IP-адресата од која серверот на PJ Talk смее да прима команди. Доколку ништо не е внесено, командите може да се примаат од која било IP-адреса. Откако ќе ја внесете IP-адресата, пристапот ќе ѝ биде овозможен само на внесената IP-адреса. Од сигурносни причини, ви препорачуваме да внесете IP-адреса за да го ограничите пристапот.