Избирање Режим за гледање слика
Може да го изберете квалитетот на сликата што најдобро одговара на типот извор на сликата или на условите во просторијата.
-
Притиснете го копчето CALIBRATED PRESET за да го поставите саканиот режим на слика.
Поставки
CINEMA FILM 1 ([Cinema Film 1])
Квалитет на слика соодветен за репродукција на широки динамични и чисти слики типични за филмови.
CINEMA FILM 2 ([Cinema Film 2])
Квалитет на слика соодветен за репродукција на богати тонови и бои типични за кино, врз основа на [Cinema Film 1].
REF ([Reference])
Квалитет на слика соодветен за репродукција што е верна на оригиналниот квалитет на сликата или за уживање во квалитетот на сликата без никакви приспособувања.
TV ([TV])
Квалитет на слика соодветен за гледање ТВ-програми, спорт, концерти и други видеа.
PHOTO ([Photo])
Квалитет на слика соодветен за гледање фотографии снимени со дигитален фотоапарат и други уреди.
GAME ([Game])
Квалитет на слика соодветен за играње игри, со бои со добра модулација и брз одзив.
BRT CINE ([Bright Cinema])
Квалитет на слика соодветен за гледање филмови во светла просторија.
BRT TV ([Bright TV])
Квалитет слика соодветен за гледање ТВ-програми, спорт, концерти и други видеа во светла просторија.
USER ([User])
Може да го поставите и да го приспособите квалитетот на сликата по ваша желба и да го зачувате поставувањето. Зададената поставка е иста со [Reference].
[IMAX Enhanced]
Квалитет на слика соодветен за гледање содржини IMAX Enhanced.
Притиснете го копчето MENU и изберете [Calib. Preset (Однапред поставена калибрација)] во менито
[Picture (Слика)].