Опција во менито: Expert Setting (Експертско поставување) > Color Space (Простор на бои)

Може да го конвертирате просторот на бои.

  1. Притиснете го копчето MENU.
  2. Изберете [Picture (Слика)] - [Expert Setting (Експертско поставување)] - [Color Space (Простор на бои)] - саканата поставка.

Поставки

[BT.709]

Просторот на бои ITU-R BT.709 што се користи за емитување телевизија со висока резолуција или Blu-ray Disc. Просторот на бои е еквивалентен на sRGB.

[BT.2020]

Просторот на бои е поширок од BT.709. Користете ја оваа поставка кога репродуцирате содржини BT.2020, што претежно се користи за HDR-содржини.

[Color Space 1 (Простор на бои 1)]

Простор на бои што е соодветен за гледање ТВ-програми и видеа, како што се спортски натпревари, концерти и др.

[Color Space 2 (Простор на бои 2)]

Простор на бои што е соодветен за гледање ТВ-програми, спортски натпревари, концерти и други видеа во светло опкружување, како што е дневна соба.

[Color Space 3 (Простор на бои 3)]

Простор на бои што е соодветен за гледање филмови во светло опкружување, како што е дневна соба.

[Custom (Приспособено)]

Може да ја приспособите поставката за просторот на бои по ваша желба.

Совет

  • Може да ја приспособите секоја ставка за претпочитаниот простор на бои.
  • Исто така, може да поставите [Color Space (Простор на бои)] со копчето COLOR SPACE на далечинскиот управувач.

Забелешка

  • Кога [HDR] е поставено на [Auto (Автоматски)], поставката што може да се избере се менува според типот на сигналот.