Списоци со пораки

Предупредувачки пораки

Пораки Значење/Решение
High temp.! Light off in 1 min. (Висока температура! Светлото се исклучува за 1 мин.)
  • Исклучете го напојувањето.
  • Уверете се дека не се блокирани отворите за вентилација.
Frequency is out of range! (Фреквенцијата е надвор од опсегот!) Фреквенцијата на влезниот сигнал е надвор од опсегот. Користете влезен сигнал што е во рамките на прифатливиот фреквентен опсег на уредот.
Projector temperature is high. High Altitude Mode will change. Set it properly, if Projector is being used at high altitude. (Температурата на проекторот е висока. Режимот на голема надморска височина ќе се промени. Поставете го правилно, доколку проекторот се користи на голема надморска височина.)

Кога го користите уредот на локација со голема надморска височина, соодветно поставете го [High Altitude Mode (Режим на голема надморска височина)].

Кога температурата во уредот останува висока, [High Altitude Mode (Режим на голема надморска височина)] се префрлува на [Level 2 (Ниво 2)] за 1 минута, а потоа брзината на вртење на вентилаторот се зголемува.

Power Saving Mode is set. Projector will automatically power down in 1 minute. (Режимот за заштеда на енергија е поставен. Проекторот автоматски ќе се исклучи за 1 минута.)

Функцијата [Power Saving (Заштеда на енергија)] е поставена на [On (Вклучено)].

Доколку нема влезен сигнал, проекторот ќе се исклучи за 1 минута.

Пораки за претпазливост

Пораки Значење/Решение

Икона „нема сигнал“

Нема сигнал од избраниот влезен приклучок. Проверете ги поврзувањата.

Not applicable! (Не e применливо!)

Операцијата што треба да се активира со копчето е забранета во моментов. Притиснете го соодветното копче.

Settings Lock enabled. (Заклучување на поставките е овозможено)

Функцијата [Settings Lock (Заклучување на поставките)] е поставена на [Level A (Ниво A)] или [Level B (Ниво B)].