Опција во менито: Color Temp. (Температура на бои)
Може да ја приспособите температурата на боите.
-
Притиснете го копчето MENU.
-
Изберете
[Picture (Слика)] - [Color Temp. (Температура на бои)] - саканата поставка.
Поставки
[D93]
Еквивалентно на температура на бои од 9 300 K што вообичаено се користи кај телевизорите. Белата површина има синкав тон.
[D75]
Еквивалентно на температура на бои од 7 500 K што се користи како стандардно помошно осветлување. Ова создава неутрален тон помеѓу [D93] и [D65].
[D65]
Еквивалентно на температура на бои од 6 500 K што се користи како стандардно осветлување. Белата површина има црвеникав тон.
[D55]
Еквивалентно на температура на бои од 5 500 K што се користи како стандардно помошно осветлување. Белата површина има поцрвеникав тон.
[Custom 1 (Приспособено 1)] до [Custom 5 (Приспособено 5)]
Може да ја поставите и да ја приспособите температура на боите по ваша желба и да ја зачувате поставката.
Стандардните поставки се следните.
- [Custom 1 (Приспособено 1)]: иста поставка како [D93]
- [Custom 2 (Приспособено 2)]: иста поставка како [D75]
- [Custom 3 (Приспособено 3)]: иста поставка како [D65]
- [Custom 4 (Приспособено 4)]: иста поставка како [D55]
- [Custom 5 (Приспособено 5)]: поставка со приоритет на осветленост
Совет
- Може да ја приспособите секоја ставка со температура на бои по ваша желба.
- Исто така, може да поставите [Color Temp. (Температура на бои)] со копчето COLOR TEMP на далечинскиот управувач.