Опција во менито: Cinema Black Pro > HDR Tone Mapping (Мапирање на HDR-тоновите)

Го анализира нивото на сигналот во реално време кога се пренесува HDR-сигнал и автоматски ги приспособува осветленоста и балансот на градацијата во зависност од сцената, одржувајќи ја градацијата за светла сцена и подобрувајќи ја осветленоста и градацијата на темнината за темна сцена.

  1. Притиснете го копчето MENU.
  2. Изберете [Picture (Слика)] - [Cinema Black Pro] - [HDR Tone Mapping (Мапирање на HDR-тоновите)] - саканата поставка.

Поставки

[Mode 1 (Режим 1)]

Претпочитан режим на осветленост во споредба со [Mode 2] (Режим 2). Препорачано за гледање содржини во посветло опкружување.

[Mode 2 (Режим 2)]

Режим за балансирање на осветленоста и високата градација. Препорачано за гледање филмови.

[Mode 3 (Режим 3)]

Претпочитан режим на висока градација, што е малку потемен од [Mode 2] (Режим 2). Препорачано за гледање содржини што вклучуваат информации со голема осветленост.

[Off (Исклучено)]

Исклучување на функцијата за мапирање HDR-тонови.

Совет

  • Кога режимот HDR работи со HDR Reference како, на пример, кога функцијата [HDR] е поставена на [HDR Reference], оваа функција не е достапна кога се пренесува HDR-сигнал. Поставете ја функцијата [HDR] на [HDR10], [HLG] или [Auto (Автоматски)] - [HDR10/HLG].