Мемориски картички што може да се користат

Овој фотоапарат поддржува само SD-мемориски картички (компатибилни со UHS-I, UHS-II). Ако користите microSD-мемориски картички со фотоапаратот, мора да користите соодветен адаптер.

За снимање фотографии

Може да се користат следните мемориски картички.

  • Мемориски картички SD/SDHC/SDXC

За снимање филм [Кога функцијата Proxy Recording] (Снимање прокси-датотека) е поставена на [Off] (Исклучено).

Ова се форматите за снимање видео и компатибилните мемориски картички.

File Format (Формат на датотека) Максимална достапна бит-стапка при снимање Поддржана мемориска картичка
XAVC S 4K 140 Mbps
  • SDHC/SDXC-картичка (U3 или повеќе)
XAVC S HD 100 Mbps
  • SDHC/SDXC-картичка (U3 или повеќе)
XAVC S-I 4K 300 Mbps
  • SDXC V90 или повеќе
XAVC S-I HD 222 Mbps
  • SDXC V90 или повеќе


За снимање филм [Кога функцијата Proxy Recording] (Снимање прокси-датотека) е поставена на [On] (Вклучено).

Форматите на снимање и компатибилните мемориски картички се прикажани во табелата подолу.

  • Снимањето прокси-датотека не е можно кога стапката на кадри за снимање е [120p]/[100p].
  • Во зависност од поставувањето на [File Format] (Формат на датотека), максималната бит-стапка при снимање може да биде пониска од тоа кога функцијата [Proxy Recording] (Снимање прокси-датотека) е поставена на [Off] (Исклучено).
  • Овој фотоапарат не може да снима прокси-датотека кога снимате во форматот XAVC S-I.
File Format (Формат на датотека) Максимална достапна бит-стапка при снимање Поддржана мемориска картичка
XAVC S 4K 140 Mbps + 16 Mbps*
  • SDHC/SDXC-картичка (U3 или повеќе)
XAVC S HD 50 Mbps + 16 Mbps*
  • SDHC/SDXC-картичка (U3 или повеќе)

*Максималната бит-стапка при снимање прокси-филмови на овој фотоапарат е 16 Mbps.


За снимање забавени и забрзани движења (кога функцијата [Proxy Recording] (Снимање прокси-датотека) е поставена на [Off] (Исклучено))

Форматите на снимање и компатибилните мемориски картички се прикажани во табелата подолу.

File Format (Формат на датотека) Максимална достапна бит-стапка при снимање Поддржана мемориска картичка
XAVC S 4K 140 Mbps
  • SDXC V60 или повеќе
XAVC S HD 250 Mbps
  • SDXC V60 или повеќе
XAVC S-I 4K 300 Mbps
  • SDXC V90 или повеќе
XAVC S-I HD 445 Mbps
  • SDXC V90 или повеќе


За снимање забавени и забрзани движења (кога функцијата [Proxy Recording] (Снимање прокси-датотека) е поставена на [On] (Вклучено))

Форматите на снимање и компатибилните мемориски картички се прикажани во табелата подолу.

  • Снимањето прокси-датотека не е можно кога стапката на кадри за снимање е [120p]/[100p].
  • Во зависност од поставувањето на [File Format] (Формат на датотека), максималната бит-стапка при снимање може да биде пониска од тоа кога функцијата [Proxy Recording] (Снимање прокси-датотека) е поставена на [Off] (Исклучено).
  • Овој фотоапарат не може да снима прокси-датотека кога снимате во форматот XAVC S-I.
File Format (Формат на датотека) Максимална достапна бит-стапка при снимање Поддржана мемориска картичка
XAVC S 4K 140 Mbps + 16 Mbps*
  • SDXC-картичка (V60 или повеќе)
XAVC S HD 125 Mbps + 16 Mbps*
  • SDXC-картичка (V60 или повеќе)

*Максималната бит-стапка при снимање прокси-филмови на овој фотоапарат е 16 Mbps.


Забелешка

  • При снимањето забавени движења, бит-стапката на снимање е повисока од вообичаено. Може да ви е потребна мемориска картичка што може да запишува на поголема брзина.
  • Ако користите SDHC-мемориска картичка за да снимате филмови во долги временски периоди, снимените филмови ќе се поделат во датотеки со големина од 4 GB.
  • Наполнете ја батеријата доволно пред да се обидете да ги обновите датотеките на базата на податоци во мемориската картичка.
  • Ако при снимање се појават ознаките подолу на иконата на мемориската картичка, користете друга мемориска картичка:
    • : Означува дека бројот на преснимувања на мемориската картичка е близу до горната граница.
    • : Означува дека бројот на преснимувања на мемориската картичка ја има достигнато горната граница.
TP1001776484