Right/Left Eye Select (Избери лево/десно око) (фотографија/филм)

Поставува дали да фокусира на левото или десното око кога функцијата [
Recognition Target] (Цел на препознавање) е поставена на [Human] (Човек) или [Animal] (Животно).
- MENU (МЕНИ) →
(Focus (Фокусирање)) → [Subject Recognition] (Препознавање објект) → [
Right/Left Eye Select] (Избери десно/лево око) → сакана поставка.
Детали за ставките на менито
- Auto (Автоматски):
- Фотоапаратот автоматски го избира левото или десното око.
- Right Eye (Десно око):
- Се избира десното око на објектот (окото од лево според перспективата на фотографот).
- Left Eye (Лево око):
- Се избира левото око на објектот (окото од десно според перспективата на фотографот).
Функција [Switch Right/Left Eye] (Префрли лево/десно око) на прилагодено копче
Исто така, можете да го префрлате фокусирањето помеѓу десното око и левото око со прилагоденото копче.
Кога функцијата [
Right/Left Eye Select] (Избери десно/лево око) е поставена на опциите [Right Eye] (Десно око) или [Left Eye] (Лево око), можете да изберете на кое око треба да се фокусира фотоапаратот со притискање на прилагоденото копче на коешто сте му ја доделиле функцијата [Switch Right/Left Eye] (Префрли десно/лево око).
Кога функцијата [
Right/Left Eye Select] (Избери десно/лево око) е поставена на опцијата [Auto] (Автоматски), можете привремено да го префрлите фокусот на окото со притискање на прилагоденото копче на коешто му е доделена функцијата [Switch Right/Left Eye] (Префрли десно/лево око).
Привремениот избор лево/десно се откажува кога ќе ги извршите следните операции, и сл. Фотоапаратот се враќа на поставката за автоматски избор на очи.
- Со притискање на средината на контролното тркалце
- Со отпуштање на копчето за бленда притиснато до половина (само при снимање фотографија)
- Со отпуштање на прилагоденото копче на коешто му е доделена функцијата [AF On] (Вклучен AF) или [Subject Recognition AF] (Препознавање објект со AF) (само при снимање фотографија)
- Со притискање на копчето MENU
Совет
- Кога функцијата [
Sbj Recog Frm Disp.] (Приказ на рамка за препознавање објект) е поставена на опцијата [On] (Вклучено), рамката за препознавање очи се појавува околу окото што сте го избрале со помош на функцијата [
Right/Left Eye Select] (Избери десно/лево око) или [Switch Right/Left Eye] (Префрли десно/лево око) преку прилагоденото копче.