Формат на датотека (фотографија)

фотографија

Овозможува поставување на форматот на датотека за фотографии.

  1. MENU (Снимање) → [Image Quality/Rec] (Квалитет на слика/Снимање) → [File Format] (Формат на датотека) → сакана поставка.

Детали за ставките на менито

RAW:
за овој формат на датотека не се врши дигитална обработка. Изберете го овој формат за да обработувате слики за професионални цели на компјутер.
RAW & JPEG/RAW & HEIF:
Во исто време се снимаат и RAW-слика и JPEG-слика или HEIF-слика. Оваа опција е корисна кога ви требаат две датотеки со слики, односно JPEG-слика или HEIF-слика за гледање и RAW-слика за уредување.
JPEG/HEIF:
Сликата се снима во JPEG-формат или HEIF-формат.

Повеќе за RAW-сликите

  • За да отворите датотека со RAW-слика снимена со овој фотоапарат, потребен е софтверот Imaging Edge Desktop. Со Imaging Edge Desktop, можете да отворите датотека со RAW-слика, а потоа да ја конвертирате во популарен формат на слика како што се JPEG или TIFF или повторно да го прилагодите балансот на белата боја, заситеноста или контрастот на сликата.
  • RAW-сликите снимени со овој фотоапарат имаат резолуција од 14 бита по пиксел. Меѓутоа, резолуцијата е ограничена на 12 бита во следните режими на снимање:
    • [Cont. Shooting] (Континуирано фотографирање) кога функцијата [RAW File Type] (Вид на RAW-датотека) е поставена на [Compressed] (Компресирано)
  • Можете да го поставите форматот на компресирање за RAW-слики со помош на функцијата [RAW File Type] (Вид на RAW-датотека).

Забелешка

  • Ако не сакате да ги уредувате сликите на вашиот компјутер, ви препорачуваме да снимате во JPEG-формат или HEIF-формат.
  • Потребна е средина што го поддржува HEIF-форматот за репродукција на HEIF-слики.
TP1001791101