Контролно тркалце
На екранот од менито или на екранот што се прикажува со притискање на копчето Fn, можете да ја поместите рамката за избор со вртење на контролното тркалце или со притискање на горната/долната/левата/десната страна на контролното тркалце. Изборот се потврдува кога ќе притиснете во средината на контролното тркалце.

- Функциите DISP (Поставки за приказ),
(Image Index (Индекс на слики)) и ISO (
ISO) се доделени на горната/долната/десната страна од контролното тркалце. Освен тоа, може да доделите одредени функции на левата/десната/долната страна и во средината на контролното тркалце, како и на неговата ротација. - За време на репродукцијата, може да ја прикажете следната/претходната слика со притиснување на десната/левата страна на контролното тркалце или со вртење на контролното тркалце.
- При вертикален приказ, насоките на движење на горната/долната/левата/десната страна од контролното тркалце исто така се ротираат за да одговараат на ориентацијата на мониторот, со што се овозможува интуитивно ракување. Функциите доделени на горната/долната/левата/десната страна од контролното тркалце преку [
Custom Key/Dial Set.] (Поставување приспособливо копче/вртливо копче) или [
Custom Key/Dial Set.] (Поставување приспособливо копче/вртливо копче) нема да се ротираат при вертикален приказ.
TP1001776486