Копче MENU

Екранот на менито се прикажува со притискање на копчето MENU. Можете да ги промените поставките поврзани со сите операции на фотоапаратот, вклучувајќи снимање и репродукција, или можете да извршите функција од екранот на менито.

Слика од позицијата на копчето MENU и екранот на менито

(A) Картичка од менито

Картичките во менито се категоризираат според начинот на користење, како што е фотографирање, репродукција, мрежни поставки итн.

(B) Група од менито

Во секоја картичка, ставките од менито се групирани по функција.
Бројот доделен на групата е серискиот број на картичката. Погледнете го бројот за да ја одредите локацијата на групата што се користи.

(C) Ставка од менито

Изберете ја функцијата што сакате да ја поставите или извршите.

Совет

  • Името на избраната картичка или група се прикажува на горниот дел од екранот.
  • Кога функцијата [Touch Operation] (Ракување со допир) е поставена на [On] (Вклучено) и [Menu Screen] (Екран на менито) во [Touch Panel Settings] (Поставки на панел на допир) е поставена на [On] (Вклучено), ракувањето со допир на екранот на менито е овозможено.


Основни операции на екранот на менито

  1. Притиснете го копчето MENU за да се прикаже екранот на менито.
  2. Движете по гранките на менито и пронајдете ја саканата ставка од менито со притискање на горната/долната/левата/десната страна на контролното тркалце.
    • Прикажаните ставки од менито се помеѓу режимите за снимање фотографија и режимите за снимање филм.

      Слика на којашто се прикажува движењето по хиерархијата на менито

      (A) Картички од менито

      (B) Групи од менито

      (C) Ставки од менито

  3. Притиснете во средината на контролното тркалце за избор на ставка од менито.

    Екранот за поставување и екранот за извршување за избраната ставка ќе се појави на мониторот.

  4. Изберете параметар или извршете ја функцијата.
    • Ако сакате да ја откажете промената на параметарот, притиснете го копчето MENU и вратете се на претходниот екран.
  5. Притиснете го копчето MENU за да излезете од екранот на менито.

    Ќе се вратите на екранот за снимање или на екранот за репродукција.

Совет

  • Во картичката (Main (Главно)), можете да ја прегледате листата тековни поставки за снимање. Изберете ја вредноста на поставката за да ја отворите соодветната ставка од менито и да ја промените вредноста на поставката.
  • Екранот на менито може да го прикажете ако ја доделите функцијата [MENU] на некое од приспособливите копчиња со помош на функцијата [Custom Key/Dial Set.] (Поставување приспособливо копче/вртливо копче) или [Custom Key/Dial Set.] (Поставување приспособливо копче/вртливо копче), а потоа притиснете го тоа копче.


Врска помеѓу режимот на снимање и екранот на менито

Групите од менито и ставките од менито прикажани на картичките [Main] (Главно), [Shooting] (Снимање), [Exposure/Color] (Експозиција/Боја) и [Focus] (Фокусирање) се разликуваат во зависност од режимот за снимање.


Режими за снимање фотографија (AUTO/P/A/S/M)

  • Се прикажуваат ставки од менито за снимање фотографија.*

* Бидејќи со иконата за функција на допир може да снимате видеа дури и во режимот за снимање фотографии, ќе се прикажат некои основни ставки од менито за видео.


Режими за снимање филм ( /S&Q)

  • Се прикажуваат ставки од менито за снимање видео.

Ознака за известување

  • Ако е достапен понов софтвер за фотоапаратот, ќе се појави црвена ознака за известување врз картичката (Setup (Поставување)), [Setup Option] (Опција за поставување) и [Version] (Верзија) на екранот од менито за да ве извести дека има ажурирање.
  • Кога функцијата [Screen Reader] е поставена на [On] (Вклучено) и се достапни најнови податоци за читачот на екран, ќе се појави црвена ознака за известување врз картичката (Setup (Поставување)), [Accessibility] (Пристапност), [Screen Reader] и [Screen Reader Language] (Јазик на Screen Reader) на екранот од менито.

Икони што се користат во „Водичот за помош“

фотографија: Ставки од менито прикажани во режимите за снимање филмови (AUTO/P/A/S/M)

филм, забавенo и забрзано движењe: Ставки од менито прикажани во режимите за снимање филмови (Movie/S&Q (Филм/S&Q)

фотографија, филм, забавенo и забрзано движењe: Ставки од менито прикажани и во режимите за снимање фотографија и режимите за снимање филм

TP1001776488