Bright Monitoring (Следење светли површини)

Ви овозможува да ја прилагодите композицијата кога сликате во темно опкружување. Со продолжување на времето за експозиција, можете да ја проверите композицијата на визирот/мониторот дури и на темни локации, како на пример под ноќното небо.
-
MENU →
(Поставување) → [Operation Customize] (Прилагоди операција) → [
Custom Key/Dial Set.] (Поставување приспособливо копче/вртливо копче) → доделете ја функцијата [Bright Monitoring] (Следење светли површини) на саканото копче. -
Во режими за снимање фотографија, притиснете го копчето на коешто сте му ја доделиле функцијата [Bright Monitoring] (Следење светли површини), а потоа снимете ја сликата.
- Осветленоста што се должи на функцијата [Bright Monitoring] (Следење светли површини) ќе се задржи и по снимањето.
- За да ја вратите осветленоста на екранот на нормално ниво, повторно притиснете го копчето на коешто сте му ја доделиле функцијата [Bright Monitoring] (Следење светли површини).
Забелешка
- Додека е активна функцијата [Bright Monitoring] (Следење светли површини), функцијата [Live View Display] (Екран за промени во живо) автоматски ќе се префрли на опцијата [Setting Effect OFF] (Исклучени ефекти), а вредностите за поставување како што се компензација на експозицијата нема да се одразат на екранот за промени во живо. Се препорачува функцијата [Bright Monitoring] (Следење светли површини) да ја користите само на темни локации.
- Функцијата [Bright Monitoring] (Следење светли површини) автоматски ќе биде откажана во следниве ситуации.
- Кога фотоапаратот е исклучен.
- Кога режимот за снимање се промени од опцијата P/A/S/M на режим поинаков од P/A/S/M.
- Кога режимот на фокусирање е поставен на опција различна од рачно фокусирање.
- Додека се извршуваат следните функции, не можете да го вклучите/исклучите [Bright Monitoring] (Следење светли површини) со притискање на прилагоденото копче на кое сте му доделиле [Bright Monitoring] (Следење светли површини).
- [Auto Magnifier in MF] (Автоматско зголемување во MF)
- [Focus Magnifier] (Зголемување на фокусот)
- Кога користите [Bright Monitoring] (Следење светли површини) на темни локации, брзината на блендата може да биде помала отколку за време на нормално снимање, а брзината на ажурирање на екранот на мониторот може да биде помала. Исто така, поради проширувањето на опсегот на измерената светлина, може да дојде до промена на експозицијата.
TP1001776561