Читање на информации за локација од паметен телефон

Можете да ја користите апликацијата Creators' App за да добиете информации за локацијата од паметен телефон што е поврзан со вашиот фотоапарат преку Bluetooth-комуникација. Можете да ги вметнете добиените информации за локацијата кога снимате слики.

Погледнете во „Впарување на фотоапаратот со паметен телефон (Smartphone Connection (Поврзување паметен телефон))” за однапред да ги впарите фотоапаратот и паметниот телефон.

  1. Активирајте ја апликацијата Creators' App на вашиот паметен телефон, отворете го екранот [Cameras] (Фотоапарати), и допрете [Setup] (Пoставување) → [Location Information Linkage] (Поврзување информации за локација).
  2. Активирајте ја функцијата [Location Information Linkage] (Поврзување информации за локација) на екранот за поставување [Location Information Linkage] (Поврзување информации за локација) во апликацијата Creators' App.
    • (икона за добивање информации за локација) ќе се прикаже на екранот на фотоапаратот. Информациите за локација што ги добива вашиот паметен телефон преку GPS итн., ќе бидат вметнати при снимање слики.
    • Кога ќе активирате [Auto Time Correction] (Автоматска корекција на време) или [Auto Area Adjustment] (Автоматско прилагодување на област) на поврзан паметен телефон, фотоапаратот автоматски ја коригира поставката за датум или област со помош на информациите од паметниот телефон.

Икони што се прикажуваат при добивање информации за локацијата

(Добивање информации за локација): фотоапаратот добива информации за локацијата.

(Не може да се добијат информации за локација): фотоапаратот не може да добие информации за локацијата.

Совет

  • Информациите за локацијата може да се поврзат кога апликацијата Creators' App работи на паметниот телефон, дури и ако екранот на паметниот телефон е исклучен. Меѓутоа, ако фотоапаратот е исклучен одредено време, информациите за локацијата може да не се поврзат веднаш кога ќе го вклучите фотоапаратот. Во тој случај, информациите за локацијата веднаш ќе се поврзат ако го отворите екранот на апликацијата Creators' App на паметниот телефон.
  • Кога апликацијата Creators' App не работи, како на пример кога се рестартира паметниот телефон, стартувајте ја апликацијата Creators' App за да продолжи поврзувањето на информациите за локацијата.
  • Ако функцијата за поврзување информации за локацијата не работи правилно, погледнете ги следните белешки и повторно извршете впарување.
    • Проверете дали функцијата Bluetooth на вашиот паметен телефон е активирана.
    • Фотоапаратот не треба да биде поврзан со друг уред или треба да биде поврзан само со еден уред што користи Bluetooth-комуникација. (Со фотоапаратот може истовремено да се поврзат најмногу 2 уреда.)
    • Потврдете дека функцијата [Airplane Mode] (Авионски режим) на фотоапаратот е поставена на [Off] (Исклучено).
    • Избришете ги информациите за впарување на фотоапаратот регистрирани во апликацијата Creators' App.
    • Избришете ги информациите за впарување на фотоапаратот регистрирани во поставките за Bluetooth на вашиот паметен телефон.
    • Избришете ги информациите за впарување на вашиот паметен телефон регистрирани во [Manage Paired Device] (Управувај со впарен уред) на фотоапаратот.
  • Иконата за Bluetooth не се прикажува кога иконите за функции на допир се прикажани во режим на снимање филм. За да ја видите иконата за Bluetooth, повлечете ги иконите за функции на допир налево или надесно за да ги скриете иконите за функции на допир.

Забелешка

  • Ако на интернет објавувате или споделувате фотографии или филмови коишто се снимени со овој фотоапарат, додека информациите за локација се поврзани преку апликацијата Creators' App, локацијата на снимањето може ненамерно да им стане достапна на трети лица. Во таков случај, исклучете ја опцијата [Location Information Linkage] (Поврзување на информации за локација) во апликацијата Creators' App пред да ги снимите сликите.
  • Кога го иницијализирате фотоапаратот, ќе се избришат и информациите за впарувањето. Пред повторно да извршите впарување, прво избришете ги информациите за впарување на фотоапаратот регистрирани во поставките за Bluetooth на паметниот телефон и во Creators' App.
  • Информациите за локацијата нема да се вметнат кога не може да се добијат, како на пример кога е прекината Bluetooth-врската.
  • Фотоапаратот може да се поврзе со најмногу 15 Bluetooth-уреди, но може да ги поврзе информациите за локацијата со информациите на само еден паметен телефон. Ако сакате да ги поврзете информациите за локацијата со информациите на друг паметен телефон, исклучете ја функцијата [Location Information Linkage] (Поврзување информации за локација) од [Setup] (Поставување) во апликацијата Creators' App на паметниот телефон што е веќе поврзан.
  • Ако Bluetooth-врската е нестабилна, отстранете ги сите пречки, како што се луѓето или металните предмети помеѓу фотоапаратот и впарениот паметен телефон.
  • Растојанието за комуникација за Bluetooth-врската или Wi-Fi може да се разликува во зависност од условите на користење.
TP1001796476