Face Memory (Меморија за лице) (фотографија/филм)

Оваа функција регистрира и брише податоци за лица и поставува дали да се идентификуваат регистрираните лица. Може да се регистрираат до седум лица. Ако едно од регистрираните лица го поставите како цел за идентификација, тоа лице ќе има приоритет при фокусирање.
-
MENU (МЕНИ) →
(Focus) (Фокусирање) → [Subject Recognition] Препознавање објекти) → [
Face Memory] (Меморија за лице). -
На екранот [
Face Memory] (Меморија за лице), изберете ја иконата + и притиснете во средината на контролното тркалце. -
Поставете го лицето што сакате да го регистрирате во рамката во центарот на екранот и притиснете во средината на контролното тркалце.Регистрираното лице ќе се прикаже на екранот [
Face Memory].
- За избор на лице за идентификација
- Изберете го лицето што сакате да го идентификувате од екранот [
Face Memory] (Меморија за лице) и притиснете во средината на контролното тркалце. Ќе се активира радио-копчето за лицето поставено како цел за идентификација. - За бришење на регистрираното лице
- Изберете го лицето што сакате да го избришете на екранот [
Face Memory] (Меморија за лице) и притиснете го копчето
(Избриши). Потоа, изберете ја опцијата [Delete This Face] (Избриши го ова лице). Ако изберете [Delete All Faces] (Избриши ги сите лица), сите регистрирани лица ќе бидат избришани.
Забелешка
- Кога ја користите функцијата, [
Face Memory] (Меморија за лице), правете го тоа во светла средина, со лицето насочено напред. Ќе биде полесно да се регистрира лице ако го поставите во рамката во центарот на мониторот и ако вратот и рамената се наоѓаат под рамката. Ако лицето е покриено со капа, маска, очила за сонце и сл., или ако вратот и рамената се скриени, можно е да не може правилно да се регистрира. - Дури и ако ја користите функцијата [Delete This Face] (Избриши го ова лице), регистрираните податоци за лицето ќе останат зачувани во фотоапаратот. Доколку сакате да бидат избришат и од фотоапаратот, користете ја функцијата [Delete All Faces] (Избриши ги сите лица).
- Лицата регистрирани преку функцијата [
Face Memory] се сметаат за биометриски податоци. Корисниците се одговорни за собирањето и користењето на таквите податоци, како и за усогласеноста со законите и регулативите на соодветната држава или регион. За повеќе информации, посетете го следниот веб-сајт.
https://www.sony.net/dics/privacy
TP1001797196