Цел на препознавање (фотографија/филм)

фотографија, филм, забавенo и забрзано движењe

Ја избира целта која ќе биде препознаена со функцијата за препознавање објекти при автоматскиот фокус.

  1. MENU (МЕНИ) → (Focus) (Фокусирање) → [Subject Recognition] (Препознавање објект) → [Recognition Target] (Цел на препознавање) → сакана поставка.

Детали за ставките на менито

Auto (Автоматски):
Фотоапаратот автоматски ќе избере и препознае објект од целите за препознавање на кои им е додаден знак за избор на екранот [Auto Recog. Target] (Цел на автоматско препознавање).
Human (Човек):
Ги препознава луѓето како објекти.
Animal/Bird (Животно/птица):
Ги препознава животните и птиците како објекти.
Animal (Животно):
Ги препознава животните како објекти.
Bird (Птица):
Ги препознава птиците како објекти.
Инсект:
Ги препознава инсектите како објекти.
Car/Train (Автомобил/воз):
Ги препознава автомобилите и возовите како објекти.
Airplane (Авион):
Ги препознава авионите како објекти.


За да ги намалите типовите на цели на препознавање кога ја користите поставката [Auto] (Автоматски)

Поставете ја функцијата [Recognition Target] (Цел на препознавање) на [Auto] (Автоматски) и притиснете на десната страна на контролното тркалце за да се прикаже екранот [Auto Recog. Target] (Цел на автоматско препознавање). Отштиклирајте ги објектите кои не сакате фотоапаратот автоматски да ги препознава. Еден од означените објектите ќе биде автоматски препознаен.

Детални поставки за секоја цел на препознавање

Со притискање на десната страна од контролното тркалце на екранот [Recognition Target] (Цел на препознавање), можете да направите детални поставки за секоја цел на препознавање. Дури и ако [Recognition Target] (Цел на препознавање) е поставена на [Auto] (Автоматски), можете да ги конфигурирате деталните поставки за секоја цел на препознавање на екранот [Auto Recog. Target] (Цел на автоматско препознавање). Функциите освен [Recognition Priority Set.] (Поставување приоритет за препознавање) може да се постават само во режимот за снимање фотографии.

Tracking Shift Range *1 *5 (Опсег за поместување на следење):
Го поставува опсегот за препознавање објекти. Стеснување на опсегот прави фотоапаратот да го префрли фокусот на препознаен објект само кога тој е блиску до рамката за следење. Проширувањето на опсегот прави фотоапаратот да го префрли фокусот на препознаен објект дури и кога тој е далеку од рамката за следење. ([1(Narrow)] (Тесно) до [5(Wide)] (Широко))
Tracking Persistence Lvl *2 *5 (Ниво на постојаност на следење):
Ја поставува чувствителноста за тоа дали да продолжи следењето околу објектот или да го префрли фокусот на друг објект кој е поблиску по далечина на снимање кога препознаениот објект ќе се изгуби.
Кога е поставено на [5(Locked On)] (Заклученo), дури и ако препознаениот објект се изгуби, на пример објектот што сакате да го снимате привремено се скрие зад друг објект, фотоапаратот продолжува да ја следи областа околу него.
Кога е поставено на [1(Not Locked On)] (Отклучено), ако фотоапаратот не може да продолжи да го следи објектот, на пример објектот се движи брзо, фотоапаратот го прекинува следењето и брзо го префрла фокусот на друг поблизок објект. ([1(Not Locked On) (Отклучено)] to [5(Locked On)] (Заклученo))
Recognition Sensitivity *2 *5 (Чувствителност на препознавање):
Ја поставува чувствителноста на препознавање. Колку е пониска поставката, толку е полесно да се избегне лажно препознавање. Колку е повисока поставката, толку полесно се препознаваат објекти кои инаку се тешки за препознавање. ([1(Low) (Ниско)] до [5(High) (Високо)])
Recognition Priority Set. *3 (Поставки за приоритет на препознавање):
Ја поставува приоритетната цел кога истовремено се препознаваат животни и птици. ([Auto] (Автоматски)/[Priority on Animals] (Приоритет на животни)/[Priority on Birds] (Приоритет на птици)
Recognition Part *4 (Препознавање делови):
Го поставува делот што треба да биде препознаен. ([Eye/Head/Body] (око/глава/тело)/[Eye/Head] (око/глава)/[Eye] (око)/[Follow Individ. Set.] *3 (Следи ги поединечните поставки))
Recog. Part Sel. Settings *4 (Поставки за избор на препознавање делови):
Кога функцијата [Recognition Part Select] (Избери препознавање делови) е доделена на прилагодено копче, тоа го поставува препознаениот дел кој може да се менува со прилагоденото копче. ([Eye/Head/Body] (око/глава/тело)/[Eye/Head] (око/глава)/[Eye] (око)/[Follow Individ. Set.] *3 (Следи ги поединечните поставки))

*1Достапно за [Human] (човек)/[Animal](животно)/[Bird] (птица)/[Insect] (инсект)/[Car/Train] (автомобил/воз)/[Airplane] (авион)

*2Само [Animal] (животно)/[Bird](птица)/[Insect] (инсект)/[Car/Train] (автомобил/воз)/[Airplane] (авион)

*3Само [Animal/Bird] (животно/птица)

*4Само [Animal/Bird] (животно/птица)/[Animal](животно)/[Bird] (птица)

*5Кога целта на препознавање е поставена на [Animal/Bird] (животно/птица), овие поставки може да се прилагодат на екранот [Animal: Detailed Setting] (Животно: детални поставки) или [Bird: Detailed Settings] (Птица: детални поставки).

Совет

  • За препознавање очи кај животни или птици, направете композиција на слика каде целата глава е во опсегот на аголот на гледање. Штом ја фокусирате главата на животното или птицата, очите многу полесно ќе бидат препознаени.
  • Ако ја регистрирате функцијата [Recognition Part] (Препознавање делови) во менито со функции, можете да ја менувате поставката додека снимате фотографија.
  • Ако фотоапаратот препознае несакан објект кога е поставено на [Auto] (Автоматски), обидете се со еден од следниве методи:
    • Отштиклирајте ги непотребните објекти во [Auto Recog. Target] (Цел на автоматско препознавање).
    • Поставете ја [Recognition Target] (Цел на препознавање) на целта којашто сакате да биде препознаен наместо [Auto] (Автоматски).
    • Поставете ја [Focus Area] (Фокусна површина) на ставка којашто не е [Wide] (Широко) и усогласете ја рамката за фокусирање со објектот што сакате да биде препознаен.
    • Допрете го објектот што сакате да биде препознаен (кога функцијата [Touch Func. in Shooting] (Ракување со допир при снимање) е поставена на [Touch Tracking] (Следење со допир).

    Ако овие методи не ја подобрат ситуацијата, можете привремено да ја оневозможите функцијата [Subject Recog in AF] (Препознавање објект во AF) преку приспособливото копче на кое е доделена функцијата [Recognition Off on Hold] (Исклучување на препознавањето додека е притиснато) или [Recog. Off on Toggle] (Исклучување на препознавањето со прекинувач).

Забелешка

  • Кога функцијата [Recognition Target] (Цел на препознавање) е поставена на нешто различно од [Human] (Човек), следниве функции не може да се користат.
    • Face Priority in Multi Metering (Приоритет на лице при повеќекратно мерење)
    • Regist. Face Priority (Регистрирање приоритет на лице)
  • Некои видови објекти не може да бидат препознаени во согласност со поставката[Recognition Target] (Цел на препознавање). Исто така, во одредени случаи, објекти различни од целта што ја имате поставено може да бидат препознаени како објект. Доколку дојде до тоа, поставете ја функцијата [Focus Area] (Фокусна површина) на [Zone] (Зона) или [Spot] (Точка) и приближете ја рамката за фокусирање кон објектот за да се олесни неговото препознавање.
TP1001797240