ISO (фотографија/филм)

Чувствителноста на осветлување е изразена со помош на ISO-бројот (препорачан индекс на експозиција). Колку е поголем бројот, толку е поголема чувствителноста.
- ISO на контролното тркалце → изберете ја саканата поставка.
- Исто така, можете да изберете MENU →
(Exposure/Color (Експозиција/Боја)) → [Exposure] (Експозиција) → [
ISO].
- Можете да ја промените вредноста во чекори од 1/3 EV со вртење на контролното тркалце. Можете да ја промените вредноста во чекори од 1 EV со вртење на вртливото копче за контрола.
- Исто така, можете да изберете MENU →
Детали за ставките на менито
- ISO AUTO:
- Автоматски ја поставува чувствителноста ISO.
- ISO 50 – ISO 102400:
- Рачно ја поставува чувствителноста ISO. Со избирање поголем број се зголемува чувствителноста ISO.
Совет
- Можете да го промените опсегот на чувствителноста ISO што е автоматски поставена во режимот [ISO AUTO]. Изберете [ISO AUTO] и притиснете ја десната страна на контролното тркалце, а потоа поставете ги саканите вредности за [ISO AUTO Maximum] (Максимум при ISO AUTO) и [ISO AUTO Minimum] (Минимум при ISO AUTO).
- Колку е повисока вредноста на ISO, толку повеќе шум ќе се јавува на сликите.
- Достапните поставки за ISO ќе се разликуваат во зависност од тоа дали снимате фотографии, филмови или снимате филмови со забавени движења/брзи движења.
- Кога снимате видеа, достапни се вредности на ISO помеѓу 100 и 32000*. Ако вредноста на ISO е поставена на вредност поголема од 32000*, поставката автоматски ќе се префрли на 32000*. Кога ќе завршите со снимање на филмот, ISO-вредноста се враќа на првобитната поставка.
*Кога функцијата [
SteadyShot] е поставена на [Active] (Активно), горната граница на ISO е ISO6400. - Кога снимате видеа, достапни се вредности на ISO помеѓу 100 и 32000*. Ако вредноста на ISO е поставена на вредност помала од 100, поставката автоматски се префрла на 100. Кога ќе завршите со снимање на филмот, ISO-вредноста се враќа на првобитната поставка.
*Кога функцијата [
SteadyShot] е поставена на [Active] (Активно), горната граница на ISO е ISO6400. - Достапниот опсег за чувствителноста ISO варира во зависност од поставката за [Gamma] (Гама) во [
Picture Profile] (Профил на слика).
Забелешка
- Чувствителноста [
ISO] е поставена на [ISO AUTO] во следните режими за снимање:- [Intelligent Auto] (Интелигентен автоматски режим)
- [Scene Selection] (Избор на сцени)
- Кога чувствителноста ISO е поставена на вредност помала од ISO 100, опсегот за осветленост на субјектот што може да се снима (динамичен опсег) може да се намали.
- Кога ќе изберете [ISO AUTO] со режимот за снимање поставен на [P], [A], [S] или [M], чувствителноста ISO автоматски ќе се прилагоди во поставениот опсег.
- Ако го насочите фотоапаратот кон исклучително силен извор на светлина додека фотографирате слики со ниска чувствителност ISO, означените површини на сликите може да се снимат како црни површини.
TP1001776540