Позајмување, пренесување или отстапување на фотоапаратот и/или мемориската картичка на други лица (Забелешки за заштита на приватните информации)
Во зависност од функциите и поставките на фотоапаратот, на фотоапаратот и/или мемориската картичка може да бидат зачувани важни информации.
Пред да го позајмите, пренесете или отстапите фотоапаратот и/или мемориската картичка на други лица, задолжително прочитајте го следново и осигурете се дека сте ги извршиле постапките.
Забелешки за позајмување, пренесување или отстапување на фотоапаратот на други лица
Пред да го позајмите, пренесете или отстапите фотоапаратот други лица, не заборавајте да ја извршите следната постапка за да ги заштитите вашите лични податоци.
- Изберете MENU →
(Setup (Поставување)) → [Reset/Save Settings] (Ресетирај/Зачувај поставки) → [Setting Reset] (Ресетирање на поставките) → [Initialize] (Иницијализирај).
Кога го иницијализирате уредот, се избришат следниве информациите:
- Лица регистрирани во [
Face Memory] - Главни сертификати за Cloud и точен датум и време
- Информации за пристапна точка
- Информации за автентикација на пристап
- Информации за поврзување со cloud
Забелешки за користење на услугата Cloud (Creators' Cloud)
Пред да го позајмите или пренесете фотоапаратот, осигурете се дека информациите за поврзување на фотоапаратот и поставките за поставување се соодветни за да спречите штета, како на пример, содржини од фотоапаратот да бидат поставени на Creators' Cloud на несакана трета страна. Ако поставките не се соодветни, задолжително извршете ги следните операции.
- Ако го пренесувате или позајмувате фотоапаратот: иницијализирајте го фотоапаратот или откажете го поврзувањето со Creators' Cloud на фотоапаратот. Исто така, откажете го поврзувањето на фотоапаратот во Creators' Cloud.
- Ако фотоапаратот ви се пренесува вам или го позајмувате фотоапаратот: иницијализирајте го фотоапаратот или откажете го поврзувањето со Creators' Cloud на фотоапаратот.
Имајте предвид дека Creators' Cloud може да биде достапен само во одредени земји и региони.
Забелешки за позајмување, пренесување или отстапување мемориска картичка на други лица
Ако ги извршите функциите [Format] (Форматирај) или [Delete] (Избриши) на фотоапаратот или на компјутерот, можно е да не ги избришете податоците целосно од мемориската картичка. Пред да ја позајмите или пренесете мемориската картичка на друго лице, ви препорачуваме да ги избришете сите податоци целосно со помош на софтвер за бришење податоци. Ако сакате да депонирате мемориска картичка, тогаш ви препорачуваме да ја уништите физички.
Забелешки за мрежните функции
Кога ги користите мрежните функции, постои можност третите страни присутни во мрежата да пристапат до фотоапаратот, во зависност од опкружувањето во кое го користите уредот. На пример, неовластен пристап до фотоапаратот е можен во мрежни опкружувања во кои е поврзан друг мрежен уред или мрежни опкружувања во кои можат да се поврзуваат други уреди без дозвола. Sony нема да сноси одговорност за какви било загуби или оштетувања предизвикани од поврзување во такви мрежни опкружувања.
Забелешки за функцијата [
Face Memory]
Лицата регистрирани преку функцијата [
Face Memory] се сметаат за биометриски податоци. Пред да го позајмите или пренесете овој фотоапарат, иницијализирајте го фотоапаратот за да спречите информациите за лицата регистрирани преку функцијата [
Face Memory] (Меморија за лице) да бидат пренесени на несакана трета страна.
Забелешки за информациите за локација
Ако вчитувате и споделувате фотографии или филмови снимени со овој фотоапарат на интернет додека информациите за локацијата се поврзани со наменската апликација за паметни телефони, можете ненамерно да ги откриете информациите за локацијата на трети страни. За да спречите трети страни да ги дознаат информациите за вашата локација, деактивирајте ја функцијата [Location Information Linkage] на наменската апликација.
Предупредување за авторски права
Телевизиските програми, филмовите, видеолентите и други материјали може да бидат заштитени со авторски права. Неовластеното снимање на таквите материјали може да биде спротивно на одредбите во законите за авторски права.