Копче DISP (Поставки за приказ)
Со притискање на копчето DISP (Поставки за приказ), можете да ја промените содржината што се прикажува на екранот за време на снимањето и репродукцијата. Екранот се менува со секое притискање на копчето DISP. Приказот на визирот и приказот на екранот за фотографирање може да се постават посебно.

Совет
- Екранот може да се исклучи преку копчето DISP. Означете ја функцијата [Monitor Off] (Исклучен екран) во MENU (МЕНИ) →
(Setup) (Поставување)→ [Operation Customize] (Прилагоди операција) → [DISP (Screen Disp) Set] (Постави приказ (Приказ на екран)) → [Monitor] (ЕКран).
При фотографирање (екран)
Display All Info. (Приказ на сите информации) → No Disp. Info. (Без приказ на информации) → Histogram (Хистограм)→ Level (Ниво)→
For viewfinder (За визирот) → Display All Info. (Приказ на сите информации)
При снимање фотографија:

При снимање филм:

При фотографирање (визир)
Level (Порамнување) → No Disp. Info. (Без приказ на информации) → Histogram (Хистограм)→ Level (Порамнување)
При снимање фотографија:

При снимање филм:

- За да ги промените информациите што се прикажуваат на визирот, притиснете го копчето DISP додека гледате низ визирот.
При репродукција (екран/визир)
Display Info. (Приказ на информации) → Histogram (Хистограм) → No Disp. Info. (Без приказ на информации) → Display Info. (Приказ на информации)

- Ако сликата има површина со преголема или премала експозиција, соодветниот дел ќе трепка на приказот на хистограмот (предупредување за преголема/премала експозиција).
- Поставките за репродукција исто така се применуваат во [
Auto Review] (Автоматско прегледување).
Совет
- Ако функцијата [Vertical Display] (Вертикален приказ) е поставена на [On] (Вклучено), приказот на информациите ќе се ротира вертикално за да одговара на ориентацијата на фотоапаратот кога го држите вертикално во режимот за снимање.
Забелешка
- Прикажаните содржини и нивните положби на сликите имаат информативна намена и може да се разликуваат од реалниот приказ.
- Следните опции не се прикажуваат во зададените поставки.
- Monitor Off (Исклучен екран)
- Display All Info. (Приказ на сите информации) (кога го користите визирот)
- Функцијата [
For viewfinder] не може да се прикаже во режимите за снимање филм. Ако приказот на екранот е поставен на [
For viewfinder], екранот ќе се префрли на сите информации кога ќе започне снимањето филм.